Monday, December 26, 2011

Mirko Popov. Albumi Na Godinata. 2011




01. Aleksandar Pejovski / Diskreiranje Mantra [pmgrecordings]
02. Planningtorock / W [dfa]
03. Rebolledo / Super Vato [comeme]
04. Destroyer / Kaputt [merge]
05. Dale Cooper Quartet & The Dictaphones / Metamanoir [denovali]
06. Elite Gymnastics / Ruins [psychedelic surf club]
07. Aerea Negrot / Arabxilla [bpitch control]
08. Beastie Boys / Hot Sauce Comitee Part Two [capitol]
09. Brian Eno / Drums Between The Bells [warp]
10. Seefeel / Seefeel [warp]





3 REIZDANIJA KOI MORAM DA GI NAVEDAM, POSHTO BI SE NASHLE U TOP 10 DEFINITIVNO KO NE BI BILE REIZDANIJA:

01. Disco Inferno / The 5 E.P.'s 1992-1995 [one little indian]
02. Ruins / The Art Dance (on cassette 1983) [clone]
03. Social Climbers / Social Climbers 1981 [hobo/drug city]

Thursday, December 22, 2011

ОТ-ЧЕТ/2011




Потпуно исто као и Владата на Господи Господи Груевски (ГГГ), така и ПМГ Рекордингс обожава да дава отчети на крајот на тековната година. Изгледаме посериозно, а и стално нешто не голицка под носот. Речиси како да имаме бркови...
Финансии:
Без никакви илизии дека оваа година нема да биде параноично кризна за сите, 2011 за нас требаше да биде година во која ќе ги вратиме долговите настанати во “предавничката“ 2010та и ќе се консолидираме на посакуваната и неретко за нас, остварлива 0 (нула). Речиси и ќе успеевме во тоа, да не беше оној познат и јако заебан УДАР ОД ВНАТРЕ, кој не разниша до степен на достоинствен очај и го доведе во прашање постоењето на ПМГ Рекордингс. Оно таман решивме да вработиме ЈАК чоек-пријател и да потпораснеме као фирма, коа оно-чоекот ги украде парите со кои фирмата би живеела година дена. Можеби две. Но, да бевме ние луѓе кои се грижат за финансиската логика, сега веројатно ќе возевме формула. И новите, но и старите долгови си ги враќаме, па ако даде Господ, ќе ги исчистиме во 2012та :)
Духовност:
И оваа година издадовме 15тина изданија, како впрочем и секоја друга. Сме имале ужасно квалитетни години, но се чини вака сјајна не сме имале до сега. Езотерично ужуваме во дубиозната комбинација на финансиско дно и креативни височини. Господинот Александар Пејовски е врвна уметничка аквизиција за лејбл кој стаклени нозе има. Кванитетот е импозантен и еднаков на квалитет во случајот на ПМГ Колектив-Кантон6 комбото, со преку 30 песни/ремикси во една година. Вистинска шизофренија од креативен збес! Нашите The John и Concuering Lion, не удостоија со нови компакт дискови, продолжувајќи една болесно cool традиција на автентична музика. Господинот Душко Јаневски ни подари primo елегантен и музикален техно албум-одраз на неговиот извонреден развој како автор во последниве 4 години. Fighting Windmills дадоа нова збирка на оригинални скопски прикаски, а одработивме и издадовме и РАДИО ДРАМА во наша продукција, на што сме особено горди. Се на се, го вееме знамето како на филм...во војна...или уметничка слика. Сметаме дека постигнавме хомогенизација на креативните сили и дека тоа во блиска иднина ќе доведе до уште повеќе изданија во наша продукција. Веројатно направивме нешто помалку концерти во однос на минатите години (не сме броеле, претпоставка е), но без динар потешко се трга у акција. Но, без грижа. Никаде не одиме. Скопје сме бидени. До смрт.
Иднина:
Доколку некои теории за светот се покажат точни, следната година нема да бидеме овде да пишуваме отчет. Доколку пак Апокалиптичните Пророци повторно потфрлат, се надевам дека идната година ова време ќе пишуваме уште пограндиозен отчет.....Но чекај! Може ли воопшто подобро од ова? Навистина, може ли?

Friday, December 9, 2011

39 Years



I was 39 years when i walked around
The streets of my town
There were hungry years, disposable years
Years worth living
There are 39 circles of genuine corruption
Roundabout town
So when i walk the line, i gather around
This years worth living
It's been years
It's been years
It's been years
It's been years

I was 39 years when i walked around
The streets of my town
There were vice-full years, commendable years
Years of good living
And when the self-righteous fights a noble cause
That's love around town
So when i walk the line, i scatter around
Years worth living
It's been years
It's been years
It's been years
It's been years

Thursday, November 17, 2011

Граѓански Дух, не?

Бившата Југословенска Република Македонија во последно време просто имплодира од вибрантен граѓански дух.
Тоа пред се, се должи на лексичката еволуција во последниве 20тина години и употребата на зборот урбано. Интересен збор, кој во 80'те и 90'те се користеше главно во Скопје и за/околу оние релативно тесни авангардни уметничко-наркомански кругови кои штрчеа со својата различност од маусдонскиот просек на потпивнати, полууспани, земјоделски души. “Урбаната“ екипа на генерално незаинтересираната рурална публика главо и делуваше како чудесна светлечка реклама за нештата кои можеби доаѓаат, но немора да се сфатат. И зошто воопшто би се мачеле да разберат дека има живот после кацата купус? Владејачките “елити“, уште од времето на тнр. комунизам, но и понатаму, со “урбаното“ се справуваа парцијално и репресивно, се разбира во недостаток од елементарно образование и културолошки амбиции. Но тенденцијата на ГЛАСНОТО МАЛЦИНСТВО да се развива (и покрај репресијата и одливот на мозоци), сериозно засилена од поврзувањето со остатокот од светот (ај честито!) си го направи своето. Сосем неочекувано и наеднаш, да си “урбано типче“ стана ОК и одеднаш ЗБОРОТ почна да се шири како бесна полова болест. Велам ЗБОРОТ, бидејќи во рацете на најадените, полузадремани земјоделци кои шетаат наоколу набилдани во сакоа, или розе маички, “урбано“ може да биде само збор и ништо повеќе. Буквално секој втор идиот е “урбан“, а радио и телевизиските емисии нагазија до бесвест. Се разбира поголемите компании се залепија со своите дебилни кампањи и лека-полека ја дотераа лексичката еволуција до степен кога овој збор потполно го изгуби значењето кое во основа го има и стана беџ за китење на буквално секого без премногу мозок.

Голема улога во развојот на ГРАЃАНСКИОТ ДУХ од денешен тип кај нас одигра и светскиот тренд на споулавено лепење на фолк музика врз буквално секоја нова музичка појава од последниве 30тина години. Во недостаток од вистински нови музички правци/револуции, музичката индустрија (бидете сигурни дека таа е дел од многу посеопфатна индустрија) бесрамно го накалеми фолкот на буквално се што мрда: рок, поп, техно, хип-хоп, реге....Проспектот за ширење на пазарот кон подзаспаните и прејадени rural boys, подразбираше да им се продаде површниот дел, т.е. името од урбаната култура, а тоа просто лизга ако уфрлите фолкче во она што се обидувате да го продадете. Резултатите се фантастични. Има многу имиња-синоними за смрт на духот (world music, турбо фолк, етно итн.) кои на еден бескрупулозен начин го принесоа урбаното на истата софра каде што со валкани раце се гнетат цревца и свињски мрс. Можете само да замислите (а и не мора :) колку лесно и прекрасно беше таа “култура“ прифатена во Бившата Југословенска Република...не ми текнува името кое и беше....

Третиот сегмент во овој тажен еволутивен процес е поткрепата од “горе“. За бедната културолошка состојба на “елитите“ на власт во оваа земја е банално да се расправа. Пример: од 1944, откога се има држава, па до да речеме 1991ва, никому не му текнало дека можеби треба да се купи машина за режење грамофонски плочи, ако за ништо друго, барем да ги наснимиме сите наши народни песни, кои ако не се лажам се далеку најдобри во целиот свет. Нели? Амбициите на “елитата“ главно завршуваат со копирање на она што се работи во Србија. Ако земеме во предвид дека политички, Србија претставува една фашистичка паланка пар екселанс, веднаш станува јасно дека овдешното ниво на субординираност кон тој концепт, само добива лудачки диверзитет на неконтролиран провинцијализам. Без разлика од која “провиниенција“ се гадовите на власт, дали “комунисти“, социјалдемократи или националисти, просто е обсцено колку неможат да отпловат подалеку од своите српски идеали. Тоа беше очигледно преку отворената соработка (читај:шверц) на СДСМ со Милошевиќевата Србија, а уште поочигледно е преку криминално-мафијашките нераскинливи врски на моменталната ВМРОвска власт со структурите од “горе“. Токму ВМРОвците, кои редовно ги обвинуваа другите за србоманство, денеска јавно и бесрамно имплементират српски граѓанско-културно-политички модел во маусдонското општество. Додуша малку застарен (без разлика на староста-дебилен), но коските од српската канибалистичка маса се нивната максимална амбиција, нели? За сето ова да биде очигледно, ете ги, градат “стари“ здгради во “ГРАЃАНСКИ ДУХ“, а оно духот на Јужна Србијаод дваесетите години на минатиот век. Додуша има и неколку “грчки“ згради, што всушност претставува златен венец на ендемската малоумност која е вткаена во новопечениот бившомакедонски граѓански идентитет. Така да ако некој нешто праша за ИДЕНТИТЕТОТ, можете слободно да му кажете: ЈУЖНА СРБИЈА. По сите параметри.

Tuesday, November 8, 2011

Iran. A War Coming Soon @ your Home Teathers [PMG Kolektiv LIVE/Metelkova. Ljubljana, Slovenia/April 2011




Не планирам наскоро туристичко патување во Иран
Не планирам куртоазна посета на тоа тло
Не сакам да купам авионска карта за Иран
Гледав телевизија и научив за оската на зло
Порака до Вавилон и Персија и сите Каананити
Нашата е армија подготвена за долг пат
Посета пак по две илјади и триста години
Дојде време за колосален рецидив по врат

Иран
Ти си древен
Иран
Tи си гневен
Иран
Tи си вреден
Иран
Ти си следен

Тоа и нема баш да биде туристичко патување во Иран
Нуклеарен завет или празнење за долготраен мир
Непожелно е, досадно е, педерски е, аут е да размислуваш
Надуван сум, уживам во медиумски чувства инсценирани
Тонам во желе од масовни расположенија (блуп!)
Хипнотизиран, опиен од комунизам на афектите
Телото ми вика мир, разумот се дере војна
Телото ми вика мир, разумот се дере војна

Иран
Ти си древен
Иран
Tи си гневен
Иран
Tи си вреден
Иран
Ти си следен

Thursday, August 4, 2011

И Јас Сум Кодош / Ben kodosh değilim




Кодош е турски збор. Измислен е некаде во XVI век, за да се опише човек кој продава/предава/издава некој друг човек за пари, привилегии, или чисто од мерак. Имено турците, наидувајќи на неверојатен ентузијазам кон оваа активност во новоосвоените територии, а особено територијата популарно наречена Македонија, решиле на оваа активност да и ја дадат масата со која нивниот јазик ги обликува зборовите-давајќи им моќна патина. Оттаму онаа прекрасна дескриптивна звучност на зборот КОДОШ-збор со кој и ден денес се гордееме и го користиме со голем ентузијазам. Едноставно речено, кога нешто ќе заслужиш, а некој од многубројните владетели великодушно ќе ти го прикачи-историјата го гратификува на најпрекрасен начин.

Гратификацијата доаѓа токму во времето кога за прв пат по 23 века, таканаречените Македонци, конечно уживаат во фактот дека власта во “земјата“ не е странска. Фала богу, дојде и тој час, кога кодошот не мора да консултира странска власт за да ужива во придобивките на својата професија, туку тоа е еден чисто патриотски чин, за кој може да се пресмета и ДДВ на пример. Навистина чесно и современо. Каде би им бил крајот сега на кодошите кои ги тастаа Гоце Делчев и останатите македонски војводи, кога би можеле да го направат тоа пред домашна-демократски избрана власт. Што повеќе, сега нашата демократски избрана власт може комотно и непречено со прст да покаже на кодошите кои соработувале со претходните, туѓински и недемократски избрани власти. Навистина радосни мигови во 40.000 годишната историја на овој народ.

Што се однесува до моето мислење, јас сум многу весел што релативно брзо го надминавме краткиот и збунувачки период кога на национално ниво кокетиравме со опасната идеја дека меѓу нас имало ДИСИДЕНТИ и се вративме назад на автохтоната КОДОШКА практика. Ќе беше навистина репулсивно да правиме дисидентски суперхерои на база на пијани кафански викотници и лажни театарски анархолиберали. Легендата вели дека секој трет македонец е кодош, што по мене е потценувачка проценка за квантитетот и квалитетот на реализацијата на оваа професија кај нас. Сепак, Македонија е легендарна и библиска земја, па и легендите-колку и потценувачки да зборуваат за нас, ни прилегаат. Затоа да се држиме до нив, како што се држиме за познатиот цитат од Господ Бог: “Македонија нема никогаш и никому да припаѓа. Кога го создадов светот, неа ја создадов за себе, за да има каде да се наполнам со радост“. Ете конечно и Господ Бог, по 23 века чекање, може да се исполни со радост. На крајот на денот, тој е единствениот ДИСИДЕНТ во историјата на Македонија. Единствено останува да се одреди цената за која веселите македонски кодоши би го предале. Или можеби од пуст мерак?

Monday, June 20, 2011

Сите ТЕКСТОВИ од албумот А ВЕКОТ ТАКА ДОБРО ЗАПОЧНА од ПМГ Колектив

Сите текстови: Мирко Попов





1. Радио Слободно Скопје

Љубовно писмо до алтернативната култура
Во време кога алтернативната култура
Веќе не постои...
Дитирамб од добри желби и скриени намери
Привидение на субкултура или глобален тек
Дали тоа беше само погрешна декада?
Дигитализиран дух, можеби погрешен век?

Види како генерира
Слушни како резонира
Опипај го и вибрира
Радио Слободно Скопје

АМ, ФМ, Интернет, 103 мегахерци
Време е да пораснам, време е за крај
Време е за нови деца, нова сцена, мрзливи херои
А слободата е болест…слободата е болест
Пророк апокалиптичен да бидам-стварно не би сакал
Знам јас каде припаѓам-ве сакам anyway
Засекогаш би можеле да цепаме 103 проценти фанки
Ама слободата е болест, да ја ебам-курвата е болест!

Седам дома јасно ми е се
Друга станица не слушаме
Кои не сме дали знаеме?
Радио Слободно Скопје

Uptown, downtown, turn around
The sound of Skopje underground
Disco-rockin, go-hip-hopin'
There's no stopping to the SK beat


2. Дијалог Со Иднината


Ова утро ќе го преспиеш па преспиј го и овој век
Упали компјутер и прави се да си во тек
Навистина е супер да си згоден, арогантен, млад
Па произведи се во човек-не во просек или глупав смрад

Читам артикл за тебе пишува во Њу Јорк Тајмс
Викаш Скопје е село, па и не те гледам така бело
Рамето од тапкање ме боли имам пофалби 103
Но на концерт те нема, си се прејал па си заспал ти


Ме потсетуваш на мојата неспособност да бидам само твој
Комплетен и посветен, добар и расположен не сум тој
Дај ми храброст за да доодам по патот кој е прав и само мој
Дај ми мудрост да прифатам она што неможам да променам

Ме упатуваш на твојата подготвеност да гледаш како гледам
Ти се допаѓа што стојам и се борам наместо да седам
Дај ми надеж, дај ми љубов, дај ми вера, дај ми пари, дај ми шанса
Одиграј со мене уште една патриотска романса


Ти си ми код за лудила бескрајни
Знаеш ли што се можеме јас и ти
Време е за дијалог со иднината
Погледни мртва ни е родината
Одиме ајде преку планината
Време е за дијалог со иднината



3. Twitter Epic

Денес не последниот ден на земјата
Овде и сега се чувствувам постар од религија
Опасен и отфрлен слуга бога не моли
Кога си осуден на живот и глава од ѕид не боли

Нема историја, нема веќе нација, една сме раса
Продолжеток на линијата информатичка класа
Некои херои не се родени-туку изградени
И Македонија не е вечна

Овој град може многу подобро
Еве и Подарок плоча да уживате додека се мразите
Манифест-епитаф за оваа година
Вршете си ја вашата ебена работа
Не се ослободувај од книгите, дочитај ги стриповите
Да се биде хипстер е сосема во ред
Не е лево, не е десно, само право
И Македонија не е вечна

Денес не е последниот ден на земјата
Овде и сега чувствувам посвеж од нови генерации
И пред да отидам би посакал едноставна радост
Да видам лице паметно и убаво на новата младост

Ке ми треба научен доказ за вашето постоење
Од понеделник


4. Деца На Два Века


Се направив ѕивана-гледам Сандокан на телевизија
Со едната нога во гроб-со другата во град
Ослободен од епика и вишоци на ретро оптимизам
Ја плаќам цената да светот оди напред

Овде кај што живеам јас научив да се борам
Оптимизам, ескапизам или директно со главата во ѕид
Овде кај што живеам јас научив и да разликувам
Игнорантни и кретени и прототипи од секаков вид

Но ова не е како светот завршува
Ова не е како светот завршува
Ова не е како светот ебено завршува
Вашиот свет завршува во вашиот тањир

Преку кур од лажен хуманизам и бизнис филантропија
Држава или црква-лажна надеж или лажна утеха

Го молевте бога да ви дојде од запад
Вчера фантазиравте за порно на исток
Вчера фантазиравте за порно
Сега се вртите во круг како мува без крило
Самодоволни во глупоста и она што никогаш не било

Историјата нема ништо да ве научи
Историјата нема ништо да ве научи
Историјата нема ништо да ве научи
Вашата историја завршува во вашиот тањир

Деца на два века-соголени од вистина
Деца на два века-навлечени на промена
Деца на два века-жртвувани за ужина
Деца на два века-животот е убав


5. Ова Не Се Луѓе


Ова не се луѓе
Безумни суштества од далечниот мрак
Ова не се луѓе
Се истребуваат себе заедно со сите нас
Ова не се луѓе
Ти си од мојот град и затоа те мразам
Ова не се луѓе
Те мразам тебе, сепак најмногу се мразам себе

Ова не е иднина
Неспособноста на мили татковци
Ова не е иднина
Наша неспособност на улиците
Ова не е иднина
Празна приказна за нашите деца
Ова не е иднина
Декларација на неспособност


6. Излези Надвор


Добар ден и добре дојде
Ова е видео игра
Спидбол е корисна игра
Понекад неми се игра
Глуп е ко неќе да игра
Ја викаме За-е-Ба-но е!
Ја викаме Наше Скопје
Ја викаме пуши кур

Погледни ти пред себе
Вдиши градски воздух
Пушти дух од боца,
Издиши креација
Добро е не си ружен
Добро е имаш некој стил
Добро е сонце грее
Еј! историски имаш дил

Излези надвор да играме

Престани да мрчиш дека ништо не ти чини
Заеби фолирање и лоши особини
Други ти се криви, стенкаш као стрина
Се Грчиш како нација во самоизолација

Избери оптимизам,
Дојди на кафе со моите црнци
Фати поза седни у Излет
Убав е сончев ден
Нормално е ќе си депре
Ако на фејсбук киснеш ти
Степај бело-спукај дело
Немој да бидеш МК феил
Дојди со мене и моите црнци
На улица имаме спин
Дојди доле ќе снимаме плоча
Ајде со нас ќе снимаме филм

Излези надвор да играме


7. Диско Геј Химна


Ти си слатка, ти си се
Ајде да се спариме
Не си мала, имаш две
Ајде да се стопиме
Не сум тежок, далечен
Само четри опален
Па штом си слатка, ти си се
Ајде да се пробаме

Извини овака што несум геј
Ајде пробај со мене ма не се смеј
Старомоден и стејт како гром
Не се разочарувај

Можеби една декада е подоцна
Деца на (бум!) информатичка промена
И сега се е чудно, а векот
Така добро започна

Ен-два, ен-два-три
Најнов рап од ПиеМЏи
Урбана си фаца ти
Мрзиш лажни рапери
Хип-хоп проституција
На куров револуција!
Глупчовци без визија
Блам на телевизија
Денес купив мебел
Утре би те ебел
И да немам мебел
Сепак би те ебел
Зошто ти ме сакаш мене
А јас не тебе
Па сепак кој те ебе
Ќе ти направам бебе

Ајде почни со танцот ќе стиснем плеј
Cамо гледај во мене и не ме смеј
Ова е диско химна геј
Радост на улиците

Можеби една декада е подоцна
Деца на (бум!) информатичка промена
И сега се е чудно, а векот
Така добро започна


8. Иран


Не планирам наскоро туристичко патување во Иран
Не планирам куртоазна посета на тоа тло
Не сакам да купам авионска карта за Иран
Гледав телевизија и научив за оската на зло
Порака до Вавилон и Персија и сите Каананити
Нашата е армија подготвена за долг пат
Посета пак по две илјади и триста години
Дојде време за колосален рецидив по врат

Иран
Ти си древен
Иран
Tи си гневен
Иран
Tи си вреден
Иран
Ти си следен

Тоа и нема баш да биде туристичко патување во Иран
Нуклеарен завет или празнење за долготраен мир
Непожелно е, досадно е, педерски е, аут е да размислуваш
Надуван сум, уживам во медиумски чувства инсценирани
Тонам во желе од масовни расположенија (блуп!)
Хипнотизиран, опиен од комунизам на афектите
Телото ми вика мир, разумот се дере војна
Телото ми вика мир, разумот се дере војна

Иран
Ти си древен
Иран
Tи си гневен
Иран
Tи си вреден
Иран
Ти си следен


9. За Македонија


Само бледа опција
Сред духовна корупција
Борба на чело пишува
Опасно ме загижува

Еј за што се бориш ти?
Еј за што се бориш ти?
Дворовите се дадени
Душите продадени

И сега знам
По тој пат одам сам
И сега знам
По тој пат одам сам

Наместо живот градат цркви и џамии
Наместо луѓе морал на ситни арамии
Наместо музика лицемерни переци
Курпушијада оо! за ситни интереси
И која нова секта утре е модерна
Ко за фасада РR порака збодена
За гладен кроток народ, за деца бунтовни
До следен анти протест ил' следни избори

Дух, креација и страст
Имам воља, немам власт
Признавам доцнам јас за нас
Имам вера, немам власт

Но, знам по кој пат одам јас
Сепак знам по кој пат одам јас
Знам по кој пат одам јас
Одам за Македонија

И сега знам
По тој пат одам сам
И сега знам


10. Оваа Ноќ


Оваа ноќ е така тивка и мислам не е створена за нас
И се што ќе ми излета од уста испарува за час
Оваа ноќ е така мудра-очигледно помудра од нас
Цело време си во право и се чини нема подобри од вас

Цела зграда тврди ставови и високо ти дигнат гард
Ти си супер-човек-супер-жена-примо-левичарски бард
Ти си аскет, ти си борец, ти контрола, еве земи се
Не капирам, касно палам-мислев заедно се бориме

Oваа ноќ
Ти си убава, паметна и силна
Ко оваа ноќ
Остани паметна и силна

Оваа ноќ е така скопска ми се чини сите ликови ги знам
Знам и градов не е лесен да си чесен па ќе останеш и сам
Јас сум дечко-поза-мал-идеалист со голем подобран
Гледам сјајно јас се вклопувам во твојот среднорочен план

Во Скопје ноќите се тивки и на луѓето промена им смета
Ти си зелен анархиста, кеш од Сорос, ти си имиџ силуета
Грицкаш рака што те храни, клуч во кругот, код: направи сам
Кеш од влада или ЕПП бунтовници во андерграунд рам


Oваа ноќ
Ти си убава, паметна и силна
Ко оваа ноќ
Остани паметна и силна
Во оваа ноќ
Победа на лицето ти свети
Оваа ноќ
Фриз Фрејм на омилени суети


11. Предавник


Порака до себе
Немој да се жалиш
Порака до себе
Издржи до крај
Порака до себе
Престани да лажеш
Порака до себе
Пиј зелен чај
Порака до себе...
Порака до себе
Погледни кон сонцето

Некои велат стоиме на света земја
Сум почувствувал и дека растам од неа
Сепак таа не ме брани од себе
Ниту ме штити од тебе што си омен исконски

Предавник
Tи си предавник на генерацијата
Предавник
Таа е предавник на татковината
Предавник
Тој е предавник на историјата
Предавник
Јас сум предавник на љубовта

Дали сме тука само
Да ја раскажеме нашата приказна
Имам свои сомнежи
Но добро е да се биде жив
Верувам во волјата да се преживее

Сепак не сум така добар ко што очекуваше
Ни од далеку сјаен ко ситна ѕвезда залутана во џеб

Бесот е блуткаво недоразбирање
Мост кон островот на изневерени очекувања
Овој збор-предговор за сите мои потфрлања

Предавник
Tи си предавник на генерацијата
Предавник
Таа е предавник на татковината
Предавник
Тој е предавник на инди сцената
Предавник
Јас сум предавник на љубовта

Најди си друго место да паднеш

Friday, June 10, 2011

Twitter Epic

This song and video is dedicated to all fine people at Macedonian Twitter Community and their commitment to truth and elegance. Not letting evil prevail and being beautiful on the streets. Providing important spiritual revolution in Macedonia and a living proof that things can change for the better if you fight it out.
Song can be found on PMG Kolektiv album "A Vekot Taka Dobro Zapocna" (PMG Recordings #56, 2011)
Video done by Miss Nikolina Kujaca
Thank You All



Денес не последниот ден на земјата
Овде и сега се чувствувам постар од религија
Опасен и отфрлен слуга бога не моли
Кога си осуден на живот и глава од ѕид не боли

Нема историја, нема веќе нација, една сме раса
Продолжеток на линијата информатичка класа
Некои херои не се родени-туку изградени
И Македонија не е вечна

Овој град може многу подобро
Еве и Подарок плоча да уживате додека се мразите
Манифест-епитаф за оваа година
Вршете си ја вашата ебена работа
Не се ослободувај од книгите, дочитај ги стриповите
Да се биде хипстер е сосема во ред
Не е лево, не е десно, само право
И Македонија не е вечна

Денес не е последниот ден на земјата
Овде и сега чувствувам посвеж од нови генерации
И пред да отидам би посакал едноставна радост
Да видам лице паметно и убаво на новата младост

Ке ми треба научен доказ за вашето постоење
Од понеделник

Thursday, June 2, 2011

I Think It's Love

One more perfect example of music played with too much honesty. Being slightly off tune brings shitloads of love and bacon in between. Always mistaking an enemy for a friend. Say hi to the girl with an iPhone 4 down there. Let's go!

Wednesday, June 1, 2011

Молк? Никако. Никогаш.

Наполнив 18 години точно пар месеци пред првите повеќепартиски избори во Република Македонија (1990). Разбирлива беше возбудата да се гласа на нив. Се разбира дека гласав. Гласав за Лигата За Демократија на господинот Ѓорѓе Марјановиќ. Ми се чинеа поинтелигентни од останатите. Во вториот круг веќе ги немаше во изборот. Ги имаше само “ВМРО“ и СДСМ. Навистина туробно престкажување, нели? Гласав за “ВМРО“, немаше шанси да гласам за истите кои беа на власт со децении.
Иако млад и неискусен по прашањата на парламентарната демократија/демократскиот капитализам, многу брзо сфатив дека сите лажат и сите се исти. Многу брзо сфатив дека парламентарната демократија е далеку од пристоен систем, а особено нашате верзија е простачка, заостаната варијанта на тој систем. Мојот презир се престори во чувство дека сум духовно далеку над сето тоа и набргу веќе воопшто не се осврнував на тој тип настани и комплетно ги игнорирав, се разбира.
Фаст форвард до средината на правта деценија на овој век. Имам триесет и нешто години и повторно гласам. Но зошто?

Колку и да е парламентарната демократија дебилен систем кој главно ја наметнува фарсичната воља на медиокритетското мнозинство нахушкано од криминално-финансиските елити, таа е наша реалност, а се плашам и најдобриот функционален систем кој досега сме го имале во историјата. Фантастични се прогресивните идеи и заложби, но животот во реалноста е непобитен ФАКТ и крајно е несериозно да се негира она што постои. А овој систем, за разлика од сите можни подобри - постои и е доста подобар за било кого од било кој минат систем. Погрешно е демократијата да се сфаќа како систем од напишани (човекови) права и слободи кои се остварени/осигурани, со што директно се упаѓа во замката “здраво за готово“. Таа многу повеќе претставува простор за постојана борба за истите тие права и слободи, но и освојување нови. Централен збор во таа приказна е борбата, која мора да е постојана за да донесе било какви резултати. На било кој интелигентен човек тоа му е јасно како смрт. Има многу начини на борба во демократскиот систем, кои им се познати и блиски дури и на оние кои го презираат и се фалат наоколу дека не гласаат на пример. Гласањето е само еден од начините на борба во реалниот демократски систем и кога некој да тврди дека нема причина за гласање, само мафта со знаменцето на самопрогласена безначајност. Можеме да полемизираме за реалната важност на гласањето на поединецот, или пак за било кое средство за борба во демократскиот систем, но несомнено е дека вредноста на средството е до толку поголема - колку што успеваме да го искористиме. Ние и таквите како нас. Да,“тие“ се прости и заостанати и веројатно не го ни разбираат значењето на идеите кои така лесно ги мотивираат да гласаат за некој заостанат претставник на криминалниот капитал кој ќе биде веројатно премиер, но безумно е “ние“ да се демотивираме од простачкиот чин на делегирањето на недоволно големите идеи за нашиот продлабочен дух. Самото неискористување на гласањето како едно од средствата е токму давање легитимитет на сите нешта против кои стоиме со нашата напредна духовност. И нека изборот помеѓу две зла не биде оправдание за молк (да, тоа е молк, а не избор!!!). Одговорните не се користат со оправданија, туку делуваат. Секогаш има макар минимални заеднички интереси со некој кој е на пазарот за гласање. Ако не тоа, тогаш сигурно има некоја гадна муцка чија сељачка насмевка на лажен победник треба да се тргне од дневен ред, како и неговата смрдлива шепа од државните ресурси. На крајот на денот, ако никој не е доволно добар за твојот глас, превземи ја одговорноста и освој ја власта. Да, ти!




Monday, May 30, 2011

Thursday, May 5, 2011

Свето ЈАС / Мирко Попов Мамбо-Џамбо / Петок 6 Мај 2011

Организираната религија е чиста глупавост. Во својата божемна потрага по бога, таа инсистира на сервилна, покорна единка, која треба да се држи во што е можно поголема игнорантност. Системите на организираната религија конзумираат и буквално сплескуваат гигантски број човечки единки во нагонот да преку масовност бидат доминантни и профитабилни. Масовноста отсекогаш била одлично оправдание за глупавоста и неодговорноста, а отворената тенденција за држење на масата во духовен и интелектуален мрак главно средство со кое се служи организираната религија.

Тешко се сомневам дека постои единствено врховно битие кое создало и контролира се во универзумот. Од друга старна речиси сум сигурен дека постои еден универзален систем од сили кои имаат интергалактичка моќ и во својата природа содржат духовна есенција која е огледало на нивната материјална потентност. И ајде, во целото наше незнаење од галактичкиве јасли, таа сила/есенција да ја наречеме бог. Тогаш сум сигурен дека бог дефинитивно не ја фаворизира организираната религија, а уште помалку нејзините гротескни претставници за пат до него. Уверен сум дека патот до “бог/а“ не води преку игнорантност, слепа покорност, простачки ритуали или пак религиозни војни. Во овој момент ми е сосема јасно дека доколку таква есенција постои или барем се надзира, патот до неа води преку себеосознавање и развој на единката. Се во универзумот е создадено од истиот материјал, но не многу нешта (барем од оние досега нам познатите) успеваат да развијат интелект/дух, како огледало на материјалната потентност. Човекот успеал во тоа и негова ултимативна одговорност е тоа да го негува и развива преку себе спознавање. Тоа е во директна спротивност со доктрините на организираните религии кои одамна се претворени во сервиси за контрола и профит. Повеќе од јасно е дека патот кон осознавање на било каков повисок систем од вредности води преку континуиран развој и реализација на единката, како дел од општество/цивилизација.

Смртта на организираните религии е императив. Твоето тело е твојот храм, а најдобриот пријател ти е дебелкото момче кое се наоѓа во твојот череп и се вика мозок. Оттука единствените религиозни ритуали кои ги должиш се оние кон СЕБЕ. Затоа и најголемиот верски празник во универзумот е Свето ЈАС. Шашава прослава на единката и нејзината уникатна можност да спознава и напредува без познати лимити. Да се славиме себе си. Може исто да се фураме на себе. И сето тоа без да заборавиме дека на планеткава има уште речиси 7.000.000.000 себиња кои ги имаат истите права и потенцијали.

А некаде прочитав и дека ќе имало УБИ БОЖЕ МУЗИКА :)))


Saturday, February 26, 2011

А Векот Така Добро Започна/So Last Century

Ова утро ќе го преспиеш, па преспиј го и овој век. Упали компјутер и прави се да си во тек.
Ова помалку зазвучува како современа сирова парафраза на “Мамурни Људи“ од Леб И Сол, но вие вратете се во кревет и поспијте си, не се замарајте, има кој да му ја мисли. Не дозволувајте никому да ви кажува дека е време за Дијалог Со Инднината. Всушност, Вие вашето веќе одамна сте го завршиле, нели? Завршивте некое школо, се венчавте у црква, имате дете-2, одите на работа, цепате кредит, се крепите со пошироката фамилиичка...Најадени-напиени. Ма тупан! Со оглед на фактот дека вашата историја завршува во вашиот тањир, ни на крај на памет не ви е да му ја мислите за Иран, или пак било која друга блискоисточна земја на која и се потребни радикални промени, па макар тоа да било и За Македонија. Неее...ни од далеку. Па има кој да му ја мисли, зар не?

21виот век веќе не е мистериозна и технолошки возбудлива иднина, туку само непријатна и предизвикувачка сегашност. Децата На Два Века сеуште нерасонети, се спуштаат во оваа постеуфорична реалност. Сепак, реалноста е тука да се прифати и засака како Диско Геј Химна, отпеана на прошетката под триумфалната капија во центарот на градот. Да, Ова Не Се Луѓе, но твои се и твоја се одговорност, без разлика што нивните амбиции завршуваат на свадбената софра. Не ни треба музеј за да ја изложиме нашата Декларација На Неспособност, видлива е од земјината орбита-што пак нас повратно не прави музеј. Прекрасно е да се биде експонат, па макар и Предавник. Или во ова ново доба кое не затекнува во расчекор помеѓу желбите и способностите е корисно да се биде Предавник? А ќе се согласите, Векот Така Добро Започна...Кој тоа век?

Уникатно е да се уЖива во ХИП-ХИП (проституција-на куроВ) РЕВОЛУЦИЈА финансирана од владата. Педерски е да се штрбне од тој колаЧ, ако не си вистински рапер. Педерски е и да размислуваш. Педерски е и да си заклучен во сопствените моментални лиЧни интереси. Уште попедерски е никогаш да не сфатиш дека лиЧниот и општиот интерес се едно те исто. Затоа, немој и Оваа Ноќ да останеш дома во разговор со партнерот, убедени дека само вие сте ОК фаци...
После тоа, педерски е и да си #depre, затоа Излези Надвор да играме! #Радост на улиците.
Но, зошто толку #Twitter конотации во вака класична #Facebook приказна? Небаре се одмотува некаков Твитер Епик...

Слободата е болест. Тоа го знае секој добронамерен слушател на Радио Слободно Скопје. Затоа ние и си земаме за слобода да правиме што сакаме, да зборуваме/пишуваме што сакаме, да свириме/пееме што сакаме. Можеби би требале и вие. Е сега постои и солидно висока цена која мора да се плати за таков вид независност...Па сепак, слободата е болест, да ја ебам, курвата е болест.

И како што му рече стариот добар Аристотел на својот ученик Александар додека си играа има капЧе-нема капЧе...Македонија не е вечна.


......................................................................



А Векот Така Добро Започна/So Last Century by PMG Kolektiv is OUT in April/May 2011

Wednesday, January 12, 2011

Интервју за ТЕА Модерна, 12.01.2011

Зборовите триумфираат преку вистината и се понижуваат со помош на лагите. Која е твојата дефиниција за совремиево кое го живееме?

Погледнато од човечка (жабја) перспектива, живееме во хаотично време. Јас, како горд сопственик на независно размислувачки мозок, секојдневно сум во крвава битка за зачувување на она малку нормалност, интегритет, или вистина со кои успевам да располагам. Особено во временски испретурано и заостанато општество како нашето-толку блиску, а така далеку од вредностите за кои сум подготвен, хаосот и дезорганизацијата болат до коска. Се чувствувам како бучен сведок на процесот на цедење на надежта од локалното општествено ткиво.
Погледнато од сателит, ми се чини дека се на светот се одвива по некоја фантастична класификација и рационализација на хаосот. Сосема логично одење по работ на острицата кое произведува сериозни морални и инвајорментални проблеми, но и секогаш креативни решенија за истите. Мислам дека ние, ретките македонци со мозок, особено тешко го доживуваме фактот што нашето општество е дел од проблемот, а не дел од решението.

Колку вреди твојот збор Мирко?

Јас сум еден од ретките среќници кои успеале да создадат еден “љубов-омраза“ микро свет во кој успевам да допрам до група луѓе и да предизвикам размислување, дискусија, или макар омраза. Не знам точно колкав е тој круг, но со сигурност можам да кажам дека и покрај веќе значајното ниво на завршена општествена работа и јасна прогресивност во искажаното (и оствареното), нашево општество е генерално глуво за мене и таквите како мене. Овде многу повеќе се ценат квазипатриотски пораки, лажен хуманизам, медиокритетска културна конфекција, лицемерни небулози. Затоа и луѓето слични на мене, или конформираат, или бегаат од овде. Излегува дека баш и не вреди многу мојот збор во ова време. Можеби во некоја не толку далечна иднина ќе вреди повеќе. Искрено се надевам.

Се чувствуваш ли понекогаш како да ја губиш смислата?

Секој нормален човек постојано се преиспитува себе си и својот смисол. И во многу пофункционални и позитивни ситуации тоа е нормално за мене, но особено е изразено во моментите кога останувам без доволно пари да си ги платам сметките на пример. Во било кое, па и нашето општество би можел да се наречам успешен човек, но кога еден “успешен“ човек нема за парно и кирија, мора да се запраша дали можеби проблемот не е во него. Решение за овој проблем доаѓа единствено во форма на напуштање на сопствениот независен уметнички модел и прифаќање нечија туѓа идејна цуцла, што секако би резултирало со губење на смислата и конечно губење на себе. Не, немам намера да се изгубам себе си. Тоа нема да се случи.

Од памтивек демагозите го злоупотребуваат зборот. Кога започнуваат невољите и кризите, прво нешто што страда е зборот, за потоа човечките животи да станат ефтини, или пак ништо да не значат. Дали се сложуваш или напразно филозофирам?

Човечките животи и сите наши зборови во југо/источна европа се ефтини. Претставуваат некој вид европски монети за поткусурување. Проблемот не е што нашите поразвиени западни сограѓани не третираат така, туку што ние сами себе се третираме на тој начин. Едноставно не се цениме себе, ниту сопствената култура и затоа само увезуваме и скапо плаќаме. Што ни преостанува тогаш за зборот или човекот? Мислам дека овде меѓу себе се третираме како стока/животни. а никој не го интересира што тоа животните имаат да кажат. Во оваа цивилизација животните обично одат под нож.

Потребна ли е реформа на јазикот?

Јазикот е во постојана реформа и надградба. Неверојатно е колку се силни и влијателни конзерваторите на јазикот кај нас, кои креативните интервенции во него ги имаат издигнато на ниво на предавство. Но јазикот е неверојатно жива и вибрантна материја и има постојана потреба за збогатување и набивање слоеви. Една од главните особини на англискиот-несомнено доминантен светски јазик, е постојаната промена и надградба по сите параметри, со што буквално во целост ги обвиткува глобалните токови. Конзервирањето на јазикот е одраз на длабока заостанатост и може да резултира единствено со негово исчезнување. Сепак сметам дека напредокот/реформата на јазикот е вон било чија контрола.

Сметаш ли дека со вербалните војни се отвораат и започнуваат сите останати војни?

Сметам дека оние кои сериозно сакаат во војна не започнуваат вербални војни, не оддаваат информации и ја чуваат силата. Вербалните војни, барем кај нас се сведуваат на демагогија или простачко чаталење. На крајот на краиштата и моите одговори личат на вербална војна со едно заостанато општество, но мојата активност не би ја опишал како војна-напротив, како креација. Сметам дека зборовите без дела се празни, освен во некој добар роман.

Нема ли повеќе идеали за кои вреди човек да се бори?

Се разбира дека има. Секогаш ќе има. Моралот на нашата цивилизација е вибрантна маса во перпетуално обликување и наша задача е буквално да ги вградуваме сите квалитетни и корисни идеи во него. Се чини дека популарното современо либералистичко стојалиште дека ова е (посткомунистичко/постфашистичко) време ослободено од идеали, се користи само како орудие за манипулирање со свеста и мултиплицирање на профитот, особено во новоосвоените источноевропски пространства. Буквало се јава на бранот на дезидеологизација која се продава како мода, но најчесто резултира со потполна безидејност, кој е сосем во корист на чистото потрошувачко општество. Само погледнете наоколу: како никогаш досега младите луѓе не биле вака безидејни и незаинтересирани, а постарите комплетно дезориентирани. Сето тоа брутално го користи мафијата на власт, а духовната празнина криминално ја пополнува со рецидиви на квазинационализам и квазирелигиозност. Се разбира дека сум крваво против затворање на човековиот ум во идеологии, но сметам дека самиот човек како морално животно е идеја за која мора да се бориме. Човекот мора да напредува инаку ќе го снема.

Дали современите модели на индивидуализам и повлекување во себе се последица на чувството дека живееме во “свет на лаги“?

Отсекогаш сме живееле во свет на лаги. Лагите се најголемиот предизвик за вистината. Борбата за вистината е она што не чини потребни. Тоа е борба која никогаш и по никоја цена не смее да застане. Не би им одговарало дури ни на креаторите на лагата. Во современиот свет индивидуализмот стана маркетинг трик, селинг поинт…тотално ан-кул! Можеби токму тоа е и причината за затворањето во себе на многумина. Но тоа никако не смее да биде оправдување! Должност, но и задоволство на вистински силните индивидуалци е постојано да го разобличуваат светот на лагата и да креираат свои нови прекрасни светови, па макар на ниво на “привремени автономни зони“.

Кога манипулативната лага во која било сфера од живеењето ќе се вгнезди во човечките односи, тогаш и верата и неверата се соединуваат, а човечките животи почнуваат да пропаѓаат. Поплава во која луѓето се снаоѓаат од момент во момент. Живееме ли ние во такво крешендо?

Живееме во самонаметната изолација. Историски неписмени и со испомешани временски зони, небаре како во некој филм на Тери Гилијам, се вртиме во круг како мува без крило-самодоволни во глупавоста и она што никогаш не било. Не сакаме да знаеме како другите гледаат на нас, а тоа е есенцијално за било каков паметен чекор напред. Полесно ни е да се подложиме на манипулациите на оние кои ги плукаме, отколку да се одважиме и да ја превземеме одговорноста за себе во свои раце. Полесно се снаоѓаме како жртви, отколку како единки (или народ) подготвени да имаат главна улога во креирање на сопствената судбина. Незнам какво крешендо е ова, само знам дека од тоа ме фаќа ужас .

Едно е сигурно: вистината отвора и гради. Колку е вистинска музиката денес? Или каква политика-таква уметност?

Меинстрим уметноста и политиката во нашата земја се сосем аналогни. Не ја обавуваат општествената задача, постојат за лична корист и се комплетно празни. Шунд, невкус, тотален простаклук и предавство. Погледнете само кои се најголемите херои: Бранко Црвенковски, Никола Груевски, Тоше Проески…ОДА НА ПРАЗНОТИЈАТА И БРЗАТА ЗАРАБОТУВАЧКА. Безумна игра по ефтини ноти и старото добро македонско мото: “лапни-г’лтни. Во последниве години скоро сите пари за музика во државава отидоа на сметката на Јован Јованов и компанија. Тоа е проценката за националниот интерес во културата/музиката. Ми смрди на културно самоубиство.
Инаку доколку се излезе од овие “музички“ рамки, може да се наиде на еден куп квалитетна, вистински автохтона македонска музика која може да не поттурне напред. За жал, одамна е јасно дека оние кои се на власт никогаш немале интерес сите заедно да се поттурнеме напред.

Што пропагираш, или ако ти звучи грубо, што пренесуваш преку твоите диџеј сетови и музиката која ја создаваш со твојот бенд?

Се обидувам на што е можно повозбудлив начин да го сублимирам времето во кое живееме-и локално и глобално. Се обидувам да бидам свеж, напреден и музикален, да ги предизвикам луѓето на размислување и да ги однесам некаде каде можеби дотогаш не биле. Се обидувам музичкиот и уметнички занес да ги трансформирам во состојба на духот, подготвена да ги помести нештата напред за доброто на сите. Ги терам да играат.

Скопје памети далеку пописмени музички времиња. Вреди ли улогата на описменување на масите сега и овде?

Ако вредело во времето на Марко Цепенков и Крсте Мисирков, тогаш вреди и сега. Освен локалните околности, последнава декада беше сиромашна и со глобални креативни експлозии, па веќе активните музички трендови (рок, техно, хип-хоп) паднаа под силно фолк влијание. Опортунисти-продавачи на ефтина некултура се накотија ко плевел и потпомогнати од државните структури се надвиснаа како мрачно претскажување врз кревката културна маса на нашето ранливо општество. Оттаму, сега повеќе од било кога е потребна борбата за описменување, или барем одржување на пламенот на нашата оригинална креативност.

Манипиулативната диктатура кај малите народи и неразвиени земји често забегува со духовно насилство над вредностите од минатото. Таа сосем ја уништува средната класа која е носител на иновациите, создавањето и конкуренцијата. Како да се ослободиме од вакви нерационални шовинистички концепти?

Отворањето и интеграциите со понапредните од нас се единственото решение. Активна асимилицаија и претопуцање на нашата култура со онаа кон која несомнено се стремиме (западната) – со сите нејзини доблести и недостатоци. Немам јас илузии дека таа културна и општествена асимилација ке ни донесе поправедни владетели, но нормите кои ќе мора да ги прифатиме ќе оневозможат ситни фашизоидни диктаторчиња и пијани клептомани да стојат на патот на напредокот на цел еден народ.

Потребна е преродба, но како кога јавноста е изманипулирана така што најкорисните се претставени како непријатели, кои за жал никогаш не се доволно силни за да ја поништат духовната диктатура.

На крајот на денот тоа е и наша одговорност. Ако се сметаме за најкорисни, најпаметни, нај…тогаш веројатно требаше да се занимаваме со политика и да ја освоиме власта. Во последно време се фаќам себе си како се прекорувам на оваа тема. Едноствано ја оставивме земјата во рацете на неписмени манијаци и сега се жалиме. Незнам колку имаме право. Но знам дека мојата борба не завршува тука. Само/Осуден сум да ја терам до крај.

Доволно ли е образовниот систем да се грижи само за стекнување на знаење, или уште позначајно е да се негуваат каракрети?

Образовниот систем е полигон за дресирање на единките во правец на конформирање во рамките на едно општество. На крај на памет не им е да негуваат карактери. За среќа, образовниот систем може да предизвика карактери. Ми се чини дека би бил задоволен со систем кој е добар барем онолку да предизвика. За оној кој има солидна културна основа предизвикот е се што му е потребно.


*прашањата и концептот за интервјуто се на почитуваната госпоѓица Ивана Тасев.