Thursday, September 30, 2010

со Љубов...

Воспитуван сум и тоа сосем успешно во интернационален дух. Знаете она: светот е едно, сите луѓе треба да соработуваат за заедничко добро/интерес, размислувај глобално - делувај локално...Можеби муабетов ви делува излитено или патетично, но јас не само што цврсто се држам до принципиве кои ми ги всади татко ми (дубок наклон☝★), туку активно ги потврдувам и сериозно ги продлабочувам преку сопствената духовна наобразба и секако, моето активно делување во светот. За да имаш било каква шанса да бидеш интернационален (НАДнационален), мора најпрво да го сфатиш националниот концепт, банално речено да знаеш од каде доаѓаш. Историски е комплетно погрешно да се занемари или потцени националното, со оглед на круцијалната улога која ја имало и сеуште ја има во обликувањето на моралните односи кои водат до промени на глобално ниво. Од друга страна е историски неписмено и криминал кон сопствената националност (национална држава) да не се сфати дека живееме во време на последните денови на националните држави. Оттука, јасно произлегува мојата свест за мојата МАКЕДОНСКА националност - во или вон рамките на тогашната заедничка и сакана Југославија и во рамките на интернационалниот поредок - всадена и негувана од истиот тој учител (дубок наклон☝★). Да, јас сум МАКЕДОНЕЦ и да му ебам мајката у пичка СЕ ГОРДЕАМ со тоа! Звучи патетично? Па веројатно и звучи во 2010 година, но тоа е помалку важно. Повеќе важно е што најискрено давам се од себе за да придонесам во развојот на македонската култура со своите акции во реалниот живот, во размер од културно инжинерство-кураторство, па се до директна употреба на македонскиот јазик за себедефинирање во актуелната реалност на што е можно повисоко ниво. И кога веќе зборувам за (над)националното и националната држава....високата свест, која очигледно сакам да си ја припишувам себе си, уште ми налага да го забележам и следново: во време кога сеуште има фундаментална смисла да се задржи националната држава како доволно силна позиција за потенцијален развој на еден народ, делумна промена на името е премала цена за тоа. Размислувајќи за тоа најпрво ми доаѓа на памет дека само во последниве 100 години оваа НАША територија имала десетина различни имиња (Турска Империја, Јужна Србија, Вардарска Бановина, Народна Федеративна Република Македонија, Социјалистичка Република Македонија, Република Македонија, БЈРМ....). Националните држави не се вечни и нивните имиња не се вечни. Но НАРОДОТ (македонскиот) сака да биде ВЕЧЕН, така? На секого со малку ука во себе тоа му е јасно како кеш.

ФАКТ: За сите поважни движења во историјата одлучуваат големите сили во зависност од нивните интереси. Тоа секогаш било случај и со Македонија. Територијата на Македонија била поделена по одлука на големите сили. Македонија НЕ ДОБИЛА своја држава како и другите балкански народи на крајот од 19 век исто по волја на големите сили...и сетоа тоа како резултат на тогашната МАКЕДОНСКА ИСТОРИСКА НЕПОДГОТВЕНОСТ И ИМПОТЕНЦИЈА (недостаток од доволна организација и вооружена борба, што бил есенцијален лубрикант за здобивање со права во тоа време) да се натераат тие сили да делуваат во наша корист. Денес ни се повторува истата приказна со историската неподготвеност и импотенција. Трагедијата ќе биде уште поголема, бидејки сега имаме и своја држава - значи повеќе да загубиме од било кога. Со тоа што сега вооружената борба не е императив, но организираноста и подготвеноста за компромиси (колку и да се неправедни и не повредуваат) се есенцијални. Неподготвеноста на народот за вакви “радикални“ чекори може да се покаже катастрофална по истиот тој народ. Злоупотребата на таа неподготвеност од владејачките структури само долева бензин во оганот во кој прелесно може да изгори еден јазик, народ, една посебност и еден потенцијално вреден допринос кон постојаниот глобален прогрес. Волјата на големите сили речиси секогаш не ни била наклонета, а главна причина за тоа е НАШАТА ИСТОРИСКА НЕПИСМЕНОСТ - која во моментов се состои од полусвесното замижување пред јасно искажаните насоки од нивна страна, или просто речено: не сакаме да направиме како што ни налагаат, а мораме. Се разбира дека цената, каква и да испадне ќе мора да ја плати ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОСЕБНОСТ или МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Единствената среќа во целата несреќа е можноста сами (просечно земено) да одлучиме, т.е. директно да учевствуваме во одлуката за себе во историскиов контекст. И воопшто не е мудрост ако кажам дека мислам дека ќе ни се случи она за што сме историски подготвени како народ.

со Љубов....

Tuesday, September 21, 2010

Луѓе Од Градови




Дојди поблиску и погледни добро
Каде водат тие трагови
Таму светла горат во ноќта
Тие се светла наши градови
Секое светло е еден стан
Во станот кревет и столици
Сино светло преку сини лица
Син свет од сина кутија

О-о о-о О-о о-о

Дали можеш да препознаеш лица
Лица на луѓе од градови
Дали можеш да препознаеш говор
Говор на луѓе од градови

O-O o-o Луѓе од градови
O-O o-o Луѓе од градови

Ние сме снажни, ние сме јаки
Луѓе од градови


Првиот ден само седевме
И првиот ден пројде покрај нас
Вториот ден седевме и чекавме
И вториот ден пројде покрај нас
Третиот ден подававме раце
И третиот ден пројде покрај нас
Петтиот ден седевме и чекавме
И плачевме и седевме и чекавме
И плачевме

O-O o-o Луѓе од градови
O-O o-o Луѓе од градови


Directed by Sinisha Evtimov
Edited by Bozidar Jovanovic
Starring: Oliver Mitkovski
Music: PMG Kolektiv
Text: Milan Mladenovic; lyrical translation Mirko Popov
Arrangement: PMG Kolektiv