Monday, April 13, 2015

сите #ExYou текстови

01. 80Ти

Мала ја сум фраер у градов одавна
Уште од 80ти
Прв на коцка, прв у шминка 
80ти
Инди Рок, старки, 501
80ти
А мала моја не си била родена ти 
Во 80ти

2014та се влече
О мој боже како грозно време
Слушај мала сакаш ли со мене
Назад во 80ти

Ало идиоте не постојат веќе
80ти
Врска немаш лузер си
На Бјело Дугме се ложиш ти
Ма не си нормален
Со лоши фори, досадни
Седи дома, гледај тв, жена, деца
Нема 80ти 

Главен анархист у канцеларија си
80ти
Денес никој ништо не чини, младите се тапа
Знаеш ти
Друго беше ваше време-најбоље
80ти
Скопска фаца од фејсбук група
Мртва од 80ти

Кралица
Ти си моја ноќна кралица
Сон на сите градски кучиња
И нова омилена Скопјанка

Кралица 
Јас сум нова ноќна кралица 
Сон на сите градски кучиња
И твоја омилена Скопјанка

Вечер искачам у град за да бидам млад
Вечер искачаш у град за да изгледаш млад
Со тебе искачам у град за да бидам млад

Со тебе искачам у град за да останеш млад

02. Култура

Девојка од бронза стои на плоштад.култура
Мртов бог од стиропор за спомен.култура
Статичен брод кој плови на Солун.култура
Статичен танц заискрува во мракот.култура
Родиме мајко и фрлиме во диско култура
Купи ми граѓанин-роб навлечен на ТВ култура
Рашетано низ град сениште на новата култура
Запали го ќе гори Скопје и тоа е култура

Тоа е нашата слика
Култура

Лајкни ме на фејсбук фејвни ме на твитер.култура
Чукни три пати во дрво има и полоши од нас
Понуди ме на запад продај ме на исток.култура
Дискреираме мантра, трагаме по глас
Со погрешно знаме ја славиме оваа култура
Сите што ги сакам стојат овде меѓу нас
Ден менуваме за ноќ, распеана е нашата култура
Ноќ менуваме за ден, дај да биде прекрасен

Тоа е нашата слика
Култура, така се вика

03. Среќен

ТВ хипноза од страв
Диктатура во Руанда
Огнови во Европа
Апарт-хејт во МКД

Кич парада 
И бомба за влада
МасовНЕкултура
Традиција против живот
Лажирана безбедност

ГМО и вакцини не
Глобано затоплување
Се приближува Нибиру
Крај на светот секој божји ден

А Музика ме гали цела ноќ
Илузија врз ритам исконски
Нови бранови невидливи
Музика ќе те ослободи

Среќен
Научи да бидеш
Среќен

04. Ти Си Мојот Свет

Наутро се будам и те гледам јас
Како во сон уште го слушам твојот глас
Те гледам како растеш и се будиш ти
Ги сакам сите твои нови промени

Насмевка, мисла, поглед ти одмерувам
Слушај ме во љубов силно верувам
Главата горе и во од исправена
За сите нови нешта ти отворена

Ти си горе , ти си доле, ти си насмевка и солза
Ти си мојот свет
Горе, доле, насмевка и солза
Ти си мојот свет

За тебе стравот да е лажно минато
Од корен зло на народ свежо скинато
За тебе да е светот добра намера
Ослободена креација бела магија

Отвори очи гледај биди паметна
Не давај да те води тв серија
Бори се, трчај, играј, не се предавај
И дека јас те гледам не заборавај

Ти си горе , ти си доле, ти си насмевка и солза
Ти си мојот свет
Горе, доле, насмевка и солза
Ти си мојот свет

(на Лаика)

05. Граѓанин На Светот

Ти си роден на границата
Ти си Херој на улицата
Војна твоја втора мајка е
Овој град твоја бајка е

Таткова музика ти зборува
Биди човек те заморува
Еден човек слика голема
Универзумот на колена

Сепак
Спомни ми име
Воздивни име
Кажи ми име 
Мал мој граѓанину

Граѓанин на светот
Моја воља нее нација
Граѓанин на светот
Твоја Тера-информација
Граѓанин на светот
е И-дентитетот
Граѓанин на светот
Тоа е идентитетот

И ако посакаш да одиш, Оди! што подалеку
Ако посакаш да видиш што има по светот, Види!
Ако посакаш да знаеш повеќе од другите, Знај!
Ако посакаш да изградиш свет,
Изгради го за себе и за сите кои вреди да го поделат со тебе.

Сепак
Спомни ми име
Добро е име
Ти дадовме име
Мал мој граѓанину

Граѓанин на светот
Ти си 
Над Идентитетот
На 
сите луѓе затворени
На
Сите луѓе загубени
Ти си
Граѓанин на светот

Мал мој граѓанину

(на Артур)

06. Електрони

Две силни јадра, далечина
Совршени орбитали
Очекуван спој
Два електрони во распар
Содржиме ние, во најдалечниот слој

Можеби сигма е видот
На оваа врска
Провери дали е пи
Но не е важно
соединување има
фузија на јас и ти

Електрони
Хемиска реакција
Електрони
Обратен спин, коваленција
Електрони
Супстанца непредливa
Електрони
Непобедлив спој
Баланс само мој и твој

07. #ExYou Инструментал

Овој бит е пораката
Да го следиш својот сон
Искрши ја раката
Која краде твоја иднина

Ти си вечен како сон
Ти си вечен како зграда

08. Ретко Те Гледам Со Девојки

Ретко те гледам со девојки
А те гледам секој ден
Ретко те гледам со девојки
Сепак никад не си сам

Околу тебе момчиња
Фини се па сепак знај
Гласини се брзо шират
Пукнат ли, ќе биде крај

Ретко ме гледаш со девојки
А ме гледаш секој ден
Ретко ме гледаш со девојки
Сепак никад не сум сам

Девојките ми се драги
Сакам ги па сепак знај
Проаѓам јас тешко кај нив
Една средба одма крај

09. Америка

Ангели ме носат на свој бран
Западно од рајот, звучи како план
Крваво, а сонце после се
Поблиску до крајот, блиску до тебе

Кружиме над градот јас и ти
Горди птици - белоглави
Дронови во чаша, крв во водата
Своја цена драга има и слободата

А!

Овде слободно живееме
За надеж и за љубов ние пееме
Горки денови денуваме
Бел прав-пепел-син купуваме

Лебдиме низ градот јас и ти
Некој друг и ќе се загуби
Дронови во чаша, крв во водата
Своја цена драги има и слободата

А - Америка
Роден сум во Америка
А - Америка
Те сакам Америка

сите текстови Мирко Попов
освен Електрони - Теа Шалдева
Ретко Те Гледам Со Девојки - Влада Дивљан (препев Мирко Попов)