Monday, March 30, 2015

#ExYou

“We, so tired of all the darkness in our lives
  With no more angry words to say
  Can come alive
  Get into a car and drive
  To the other side”
(Steppin’ Out, Joe Jackson)

Промени се себе и ќе го промениш светот. 
Ова сигурно не сум го смислил јас, но фантастично го опишува моето животно искуство.
Човек може лесно да се предаде на духовна корупција, да верува во судбина, господ, или криминалец на чело на држава. Може онака шеретски да се натера да мисли дека е незаинтересиран, да фати сеир под нечија сенка и да прогласи дека се му е јасно во животот. Видов апликација со која човек добива инстант статура на урбан револуционер и неверојатна моќ да напише слобода преку небото со Times New Roman фонт и тоа болдирано. 
А секој ден е се покомплексно и потруло во државата Данска.
Секој ебен ден се будам околу 9 часот наутро со ортома и се поголем камен околу вратот и секој ебен ден ми треба се поголема сила да ги одмотам и фрлам што подалеку од себе. Од каде ли доаѓа таа заумна сила околу 10:15 часот, кога оптимистот во мене триумфира врз тескобата на таканаречената реалност и ме втурнува во денот како напален пастув? 
Директен резултат на прифаќањето на феноменот наречен ПРОМЕНА, драги гледачи:
1. Го оставам позади малиот мрзелив плачко, полн со презир и одбивност кон сенешто.
2. Ги собирам на купче омразата, корумпираноста, криминалецот на власт, сеирџијата, куропушачот, урбаниот револуционер и оној прекрасен фонт со кој е напишан зборот слобода на небото и ги гушкам…ги гушкам, ги гушкам силно - малце да се сплескаат и потоа ги турам во ранец и по џепови.
3. Излегувам во град, па сум музичар, другар, татко, љубовник, конструктивен соработник, надуван дебил, културолошки инжинер и свашта да бидам искрен.
4. Докај 15:45 часот толку пати сум се променил, да веќе и не сум сигурен баш кој сум. Единствено нешто во што сум сигурен е ДЕКА МИ Е ДОБРО. Дека сум СРЕЌЕН. Дека супер си поминувам во животот. Дека не би се менувал со никого. И сетоа тоа заради добрата воља кон промените во денот, но и промените воопшто.

Знам, ова делува како некоја чудна/чудесна ЦЕНТАРСКА РЕТОРИКА.
Но што да правам кога е банално да се прави албум кој уште еднаш ќе ви раскаже за срањата што ги знаете и од кои сте дел секој ебен ден.
Што можам јас кога едноставно не е фора (никад нема да биде) и пре-лесно е, да се поентира на грижа за правата на класите, животните, цвеќињата или недај боже човековите права. Фора е да тргнеш од себе, да работиш на себе секој секунд и да се менуваш во миг, со јасна мисла за конструктивност и отфрлање на менталната полуција. 

И ова не е мој албум. Не е ни наш албум (на бендот). Ова е албум на сите луѓе кои ме/не научиле да ја крепиме оваа реторика, да ги синтетизираме нивните достигнувања во едно ново, наречено #ExYou. Но пред се, ова е ВАШ албум. Ваш да го слушате, да го уживате, да го ползувате. Ако сакате се разбира. Се е до вашата лична амбиција.

Wednesday, March 4, 2015

Се Плашам Од Македонци (текстови од истоимениот албум на Sethstat, Nikola Kodjabashija, Mirko Popov)

Кругови

Од каде дојде, зошто дојде овде
Нее време на убавина
Продај се што имаш, бегај, најди
Друга љубов и татковинА

Лице на цврсти агли, силни коски
Строги форми неправилни
Мислам на твоите гради во моите раце
Додека во песок цртам кругови

Еј ти!
Како икона на ѕидот стоиш ти
Со тие очи кои шират кругови
Икона од градот цел во руини
Што бил голем кул во век тринаесТИ
Чиниш мислите да вртат кругови
Околу тебе стегам лесни кругови
Мрачни мисли, бесни песни љубовни

Доаѓам овде секој ден те гледам, еј!


Потпиши

Лежиш во мракот 
На својата соба
Перо во рака
Мастило на постела
Спокојно чека 
Договор непотпишан
А Шејтанот дреме (во плакарот)
Шејтанот чека (во плакарот)
Чека твоја одлука

И не гледај ме чудно
И не гледај ме чудно
И не гледај ме чудно
Само потпиши

Потпиши

Неќе да ги слуша тие песни
Ќе се затвори во себе
Ќе ме мрази секој ден

Неќе да ги слуша тие песни
Ќе се затвори во себе
Ќе ме мрази секој ден

Потпиши

Зошто тајно пламенот го имаш
Така трајно верата ја примаш
Тајно пламенот го имаш
Трајно верата ја примаш

Потпиши

Ти си мое дело, јас сум твојот сон
Ти си мое тело, јас сум твојот слон
Ти си мое дело, јас сум твојот сон
Ти си мое тело, јас сум твојот слон

Потпиши


MCA е Мртов

Дај!
Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Сонична татковина
Непожелна мировина
Конечна татковина
Со богови медовина
Дај!

Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Кратка авантура
Животна култура
Електрични балончиња
Со две три диви момчиња
Електрични балончиња
Со две три диви момчиња
У!

Non-stop, from the top, when you rock, than we rock
Them not kicking’, them not sticking’, we be makin’ hip-hop
Pound for pound, keep the bass-lines round
See you rocking’, see you clokin’, checkin’ my sound
So c’ mon everybody get down
Yeah

MCA е мртов
MCA е мртов
Кое срање човече
MCA е мртов
MCA е мртов
Не е мртов
Не е мртов
Не е мртов


Кризни Ситуации

Каде е упатството за постапки во кризни ситуации
Исчезна богатството и нежноста на песните одамна
Пробај ја молитвата за помош во кризни ситуации
Осаменоста и нее оправдание за лошо друштво

Провери го нивото на хигиената во твоето купатило
Соочи се со ликот-предавник во твоето огледало
Деновиве пред години е празникот на твојата убавинА
Време е да најдеш нешто корисно а досадно да работиш

Или Испиј 2-3 ракии засакај ме повторно на час

Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам

Каде е упатството за постапки во кризни ситуации
Исчезна богатството и нежноста на песните одамна
Пробај ја молитвата за помош во кризни ситуации
Осаменоста и нее оправдание за лошо друштво

Гушни ме ти нежно, силно, долго, не мора да е љубовно
Гушни да поверувам ко оној пат убаво на сон
Она дрско но и прекрасно е доказ дека нешто и направивме
Си имаме и нешто толку многу подобро од нас


Ден и Ноќ (текст на Теа Шалдева)

Те гледаат низ парче стакло
Замаглено од здив
Тие знаат се за тебе
Засекогаш си крив

Вековите се само секунди
Помножени со линии
А линиите се крути лузни
Од твоите грешки чудно невини

Ене денот доаѓа
Кога ќе останеш и сам
Нивно горчливо е пророштво
Мал симбол на туѓ срам

Ене ја и доаѓа ноќта
Кога сам ќе останеш
Твоја слатка награда
Ако до тогаш опстанеш

Ако до тогаш опстанеш

Можам да знам 
Можам да знам 
Можам да знам
Дал ќе бидам сам

Ден и ноќ
Ден и Ноќ
Ден и ноќ
Тис си ми се
Само јас и ти 
Под сонцето сме

Ден и ноќ
Ноќ и ден


Доцен Час

Кој сум јас 
Во овој час
Кој сум јас да би го свртел овој град
Кој сум јас
Во доцен час
Кој сум јас да би го талкал овој град
Кој сум јас
Во овој час
Кој сум јас за да му пејам совој глас
Кој сум јас
Во доцен час
Кој сум јас за да раскажувам за нас
Кој сум

Кој сум јас 
Во овој час
Кој сум јас да би го свртел овој град
Кој сум јас 
Во доцен час
Кој сум јас да би го талкал овој град
Овој град!

Овој град е напуштен
Овој град е пуст
Wow! Види колку е убав, кога е пуст
Овој град

Овој град е напуштен
Овој град е пуст
Wow! Види колку е убав, кога е пуст
Овој град
Стаорците први бегаат, кога мислат бродот тоне
А овој брод не тоне
Овој брод плута во место

Каде тоа?
Каде тоа во овој доцен час
Каде?

Премногу е студено во овој град
Премногу е урбано во овој град
Anything goes не е валидно
За овој град

Јас и ти, сме најубави во овој град
А конкуренцијата е се послаба и послаба
Да се биде млад
Во овој град


Се Плашам од Македонци

Кога ќе спадне градежната прашина
И стивне пропагандната машина
Прав во воздухот виножито се стори
Сонцето милува во шепот ми збори:
Се плашам од Македонци

Пре-биг бенг делузии без стил
Молитви низ беспаќа на векови ечат
Се изнаслушала желби-ноќни стражи
Испукана е Луна крика:
Се плашам од Македонци

Заситен од креација и туѓа смрт
Банален во бескрајна моќ
Преморен и рамнодушен
Бог на умирање резигнирано повторува:
Се плашам од Македонци

Луѓе мали со полни стомаци
Скапи одела и рало опинци
Кутри души по навика робови 
Злобни мисли и плитки гробови
Се плашам од Македонци

А ги сакам моите деца
Ги сакам и твоите деца
И сакам да гледаат нагоре 
со надеж, 
не со страв
Сакам да се разбудат
Да гушнат мајка, татко
Да излезат да освојат татковина
Да освојат свет
И свет да ги освои
Да не се плашат
Да не се плашат
Да не се плашат повеќе