Tuesday, June 15, 2010

АЦЕ ПАВЕЛИЌ

Ок, едноставно е. Луѓево наоколу се фашисти, но од небрежност. Кога си жртва на една (не)култура како македонската, лесно превидуваш дури и цели парцели од работите кои би морале да се знаат како АБВ. Неамбициозност, инерција, корумпираност, конформизам, игнорантност...само неколку причини зошто луѓето овде (полу)свесно остануваат назадни до изнемоштеност. Небрежност е дефинитивно појавата на логото на ГРАД СКОПЈЕ (доста сериозна институција, така?) и Златен Даб на Прилепска Пиварница (фирма за респект во нашава земјичка, нели?) на еден плакат за тукуречи реномиран фестивал кој се одржува на скопското Кале, на кој освен податоците за артистите кои настапуваат и редовните информции, многу прецизно стои и следново (види фотос):
ЗАБРАНЕТО ЗА: оружје, дрога, 666, ЖИВОТНИ, алкохол и ПЕДЕРИ....што мене искрено веднаш ме потсети на познатите натписи во јавниот превоз за време на втората светска војна во брутално нацистичката Независна Држава Хрватска, каде на власт беа усташите на чело со осудениот воен злосторик Анте Павелиќ...натписот е: "ZABRANJENO ZA SRBE, ŽIDOVE I PSE"...
Нема да навлегувам во анализа на менталниот склоп и светоназорот на организаторите на фестивалот, само ќе кажам дека доколку “одговорните“ во ГРАД СКОПЈЕ и Прилепска Пивара биле доволно бистри па да им текне дека треба да проверат КАДЕ ГИ ДАВААТ ПАРИТЕ, секако би бегале од овој НАСТАН како ЃАОЛ од крст. Ако за ништо друго, барем поради фактот што во било која земја, па дури и во нашава (навистина, дали???) може парче да ги направат на суд за поттикнување и финансирање на БРУТАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА. Толку многу пари може да им земе некој, што се препотувам од возбуда при помислата. На страна оставки, отпуштања, бруки и срамој. Рака на срце, кај нас, градоначалникот би ризикувал да биде оправдано нарекуван Аце Павелиќ со години, па само да си ја задржи пустата функциичка-супститут за самоубиство. И сето тоа од небрежност.


Thursday, June 3, 2010

НЕ ЛЕВО, НЕ ДЕСНО, САМО ПРАВО !!!

Секогаш кога Израел ќе здрви некоја “радикална“ мерка против своето блатантно непријателско опкружување, веднаш се јавуваат светските душебрижници со своите редовни изјави во распон од загриженост до повици за војна. Редовен репертоар од лицемерие, омраза и “мировни аспирации“ кои траат колку и секое чудо: 3 (три) дена. Ја следам таа сцена речиси 40 години и навикнат сум да не се возбудувам, ниту пак реагирам на тој тип односи. Она што ме натера да го скрчкам блогчево се реакциите на скопските ЛЕВО ориентирани активисти кои сеуште сметаат дека се што лета се јаде. Не ме сфаќајте погрешно, нашите леви активисти ги сметам за една од ретките светли точки во мачното македонско секојдневие и покрај тоа што неретко го губат патот (не тлото) под нозете и наместо независна граѓанска сила се претвараат во фронтална сила во борбата за власт…Како и да е...
Во случајот со израелското решетање на невини и помалку невини цивили, на моите социјални нет мрежи повторно добив ставови и линкови од детската градинка на скопскиот лев активизам. Случајно познавајќи ја историјата на Израел и секако реалноста на приликите и начините на кои се одвиваат нештата, не само што не се согласувам со осудите за постапувањето на институциите на еврејската држава, туку ми се чини дека и јас би постапувал исто кога би бил таму. Бродови полни со активисти-кур мој-активисти. Мислам секако има и активисти меѓу другите, нешто како перфектно оправдание, или во крајна мерка жив штит…Левичарење само да се биде лево и на страната на правдата/исправноста е крајно патетично деновиве. Не е ни умно…Време е да се напушти интелектуалната градинка и да се погледнат фактите на животот, историјата и цивилизацијата…Престанете мајкому да цмиздрите као пичиња по “правдата“ на светот кој никогаш не постоел, ниту ќе постои. Дури и да ви го дадат вие нема да можете да го изградите таков, пошто вие сте изградени другачие. Доколку се прочита историјата, лесно ќе се разбере сегашноста во која Израел го брани сопствениот, но и нашиот/вашиот интерес во тој дел од светот. Време е да се прифати реалноста и да се најде вистинскиот аспект за акција. Да се најдат лошите чичковци и да се бори против нив, но на вистинскиот начин. Само така имаме шанси...

И запамтете: НЕ ЛЕВО, НЕ ДЕСНО, САМО ПРАВО !!!