Friday, April 2, 2010

Велики Петок

Не сум се родил на Велигден. Не дај Боже.
Немам ниту заклано јагне. Никад. Дури ни со виљушка немам брцано у око на веќе заклано јагне.
Не постам. Сепак се трудам да се хранам што е можно пздраво и попристојно.
Не одам у црква. Одвратна ми е атмосферата, одвратен ми е мирисот. Репулсивна ми е помислата да делам било што со празноглави, неамбициозни луѓе кои се молат на непостоечки идоли, за што дебело им наплаќаат замрсени во духовна беда попови. Сепак презимето (Попов) ми има не баш суптилна и доста индикативна историја…
Си викам независното, критичко размислување врз база на љубопитност и едукација е единствениот пат кој овозможува вистински развој на вистинска религија кај секој човек, поставена на здрав систем од вредности. Сметам дека религијата е сосем приватна работа и никако не смее да биде масовна, или недај боже организирана.
И јас мислам дека Универзумот е еден голем, комплициран-но логичен и ултимативно разбирлив систем од сили и вредности, а ние сме неговата свесност. Една од неговите свесности, со здрава тенденција да се поврзуваме со други свесности.
Си мислам дека човекот сам си ја пишува сопствената и/сторија. Тоа е негова ултимативна одговорност.


И нека ми прости Патакот за ова:

На бога камења БАШ сме фрлале
Од други повеќе ДА сме грешеле
За малку љубов
За трошка надеж
Живееме…