Friday, February 3, 2017

#90тИ

Се почна кога Плоштад Слобода траорно, но ингениозно забележија дека СКОПЈЕ Е МРТВО. Мошне брзо и решително иштампаа 30 црно-бели некролози и ги залепија на стратешки места од она што некогаш, во 90тите беше град, а сега е…сега е…(и подголтнувам кнедла од ДИВО МЕСО)…Беше тоа еден од најсветлите примери за паметно и ефикасно потрошени 20.000 УСАид долари, братски пари на газда Сорос. Уште тука беше јасно дека не само што ќе мора, него и дефинитивно ќе успееме да го вратиме СТАРО СКОПЈЕ, Скопје од 90тите. Е тоа беше ГРАД! Бранко и Дарио беа изградиле ѕидови за новите дечки да можат да цртаат графити. Ацо и Марсо НА ЖИВО на 103јка ја кажуваа радио драмата: The Drogerash Scienthific Degeneric World of Volchar & Coala. Урбано Скопје доаѓаше да посматра како 20 души на екстази играат во диското МНТ. Меѓуградската автобуска станица, со сиот сјај, блескаше отаде Вардар. На плоштадот имаше ДРВА. СТОКОВНА КУЌА беше ДУШАТА НА ГРАДОТ. 

Сите знаеме дека ова денес не е Скопје. Ова е некој друг град. Толку неЕ и другЕ, што мислам дека и ние не сме ние, туку некакви мачни проекции од друга димензија, небаре нечија ДОЛГАта РАКАта наСила не земала и не натопорила во оваа алтернирана чорбеста средина. Еве на пример и јас не сум јас повеќе. Некои денови мислам дека сум нацист. Некои денови грозничаво правам селфија рој, колку да си знам дали воопшто ме има од другата страна на објективот. “Sometimes i don’t sleep too well”…навечер често ме мори помислата дека ГРАДСКИ SИД фантастично би блеснал во барокно светло. 

Но ПРОМЕНИТЕ се како шило. В’тат, в’тат и на крај пробиваат во полн сјај, токму во манир на разоружувачката пролет што го ококори она што некогаш овде беше грАД. Носени на крилјата на триумфот на Паркобраните врз тимберленд наездата, СВИРАЧИЊАта ја започнаа големата револуција за враќање на 90тите. Нивните ингениозни колажи/монтажи, небаре есенцијата на стариот урбан градски дух, полн со свежина, креативност и преди се оригинален хумор, предизвикаа вистинска општествено-политичка ренесанса во нашава средина. Како за миг да се врати незаборавното чувство на удобност на пластичните столчињата додека седиш во стариот Пелистер и чекаш Струмка во полувисока чаша, додека ортачето ти чека во ред за Снежец карши у трафиката. Отспротива, Вивидно Вибрира Стоковната Куќа, душата на Скопје. Финалниот удар врз мрачните сили, Свирачињата го зададоја со генијалната објава, кога СЈО се претставени ко женскаму на Конан. После ова НЕМАШЕ НАЗАД. Оттука па натаму сме бучни сведоци на надоаѓањето на СЛОБОДАта олицетворена во Скопје од 90тите, материјализирана во едно масовно & незапирливо ВАРДАРСКО ТСУНАМИ. Еден ГИГАНТСКИ СПЛЕШ од таа високо урбана есенција и ете го се враќа Бранко уште пред календарското доаѓање на летото. Дарио го вади спремниот албум од фиока и го објавува на 4дупла плоча (читај: ВИНИЛ ЧОВЕЧЕ!!!). Ацо Рембрант снима филм со тематика од тајната историја и со масовни сцени, каде во улога на Поп Богомил се појавува Коља Депресија. Тој пак го гаси Окно како дневнополитички памфлет и ги враќа ЛИФТ и МАРГИНА, каде што заедно со Ацо Р. издаваат стрип со хиперинтелектуална содржина на 2450 страници. Ристо Вртев се враќа у Темпера. Крстот на Водно трансгресира во небото. Можеби малку прерано, но Тоше станува од гробот. 
И сега….
Токму кога почнавме да успеваме да ги убедиме нашите деца дека Скопје е мртво и не постои, токму во мигот кога почнаа да веруваат дека и самите тие не постојат, а крстот на Водно е само привид-халуцинација од некој филм на Jodorovsky….ете го Скопје од 90тите назад, на неизмерна радост на СТАРИТЕ СКОПЈАНИ и слободарски настроената јавност. 

Но, ќе се навикнеме и на тоа.

Thursday, October 27, 2016

Путин Господ Македонија

Да е здрав и жив Путин. Потврди она што сите некако знаеме ама не признаваме или немаме храброст да кажеме кој тоа стои позади бомбите и кој ги монтира.
Значи, бомбите дефинитивно се прислушкувани од Америка и се разбира лепени. Нивната веродостојност се половина или четврт од снимките, што е доволно да прави раздор и пустош со лаги, невистини и фабрикувани глупости со намера да нанесат раздор и проблем, во овој случај во Македонија.
Путин знае и не се плаши од никого освен од Господ. Само гледаше, молчеше и ненаметливо анализираше, гледајќи како ќе реагира народот и која страна повеќето ќе ја подржат. Му пукна филм од Американците.
А Црпко " наш ", глупердата кој сака да воведе двојазичност поради 15 милиони евра од ИСИС, не размислува со лејката дека Руски и Кинески се јазици кои треба да се воведат и имаат перспектива, се разбира покрај до сега наметнатиот Англиски јазик. НА КОГО МУ ТРЕБА АЛБАНСКИ ЈАЗИК, ЗА ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ СО ЕДНА ШАКА КРИМИНАЛЦИ И ПРОДАВАЧИ НА ДРОГА ? Се разбира доколку Црпко продава дрога, да не се зачудиме еден ден.
Затоа Македонци, голема подршка на Путин, Русија и Кина. Проклетата Америка си го кажа своето, па дури и тоа дека сите избори на нивни председатели и демоктратија да ти било фарса преку нивните владари во сенка, откриено преку Викиликс. За лажните бомби, Господ во име на правдата и Македонскиот егзодус предизвикан од нивната страна, ќе ги награди со нуклеарни бомби од Путин и братска Русија. ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА И ГОСПОД ВЕЧНО ДА ГИ ЧУВА И БРАНИ ОД БИЛО КАКВО ЗЛО !!!

Wednesday, August 10, 2016

Улиците Пеат

Кога не сум јас во Скопје
Нема совест нема лек
Сакам да е cool без мене
Сакам давеспрви век

А скопски возој носат клета
Порака од 63та
ЖивотСмрт за Љубов Глад
Немам јас резервен Град

Ооо Улиците пеат
Ооо Улиците пеат

Политика е полава е
Или вечен Пекол е
Боја црна очи Шејтан
Вардар крвав црвен е

Дете сум и јас на Скопје
Можда немам убав глас
На улица се дерам пеам
Те сакамсакамсакам јас

Ооо Улиците пеат
Ооо Улиците пеат


посветено на сите кои живеат, работат, се смејат, плачат и умираат во Скопје
10 август 2016, Чепаро, Албанија

Мирко Попов

Monday, May 16, 2016

Понеделничка Дневна Политика

25 години Македонија официјално постои како независна, самостојна, суверена држава.
25 години не е ниту еден ден ниту едно од тие три.
Зошто?
Прагмата кажува дека е премногу мала и слаба, а околните и особено светските велесили се премногу слини за да ние би оствариле вистинска самостојност. Сепак, да се има држава е сериозно високо ниво на самоуправа и во вака поставен свет. Тоа остава повеќе од доволно простор да се испланира, организира и реализира една пристојна иднина за сопствениот народ. Кој би го направил тоа? Па политичарите и оние околу нив, кои претендираат на визија и компетентност за такво нешто. Галерија ликови минаа низ највисоките институции на нашава држава овие 25 години. Речиси НИ ЕДЕН од нив не успеа да направи било што од корист за оваа држава и народ. Она малку и што се направи, до оваа 25та година постоење е комплетно уништено. Единствено нешто со што се занимаваа нашите политичари, беше лично богатење. Овие денови само ја живееме кулминацијата на таа деструктивна потреба на демократски избраните примитивци од куп примитивци со право на глас. Всушност, по 25 години стигнавме до точката каде што повторно имаме само 1 партија на избори. И што е најлудо и најтажно, не гледам ни една причина зошто не би профункционирала фората со ВМРО како единствена опција. Секако тоа може да биде краткорочно-до-среднорочно решение за оваа територија и нејзината самоуправа (подигната на ниво на држава), со потенцијално катастрофален крај. Историски е дебилно да очекуваме дека по 25 години шарада и самоодбрано враќање на нултата точка имаме право да се надеваме на самоуправа од така висок тип како што е држава. Ќе бидам пријатно изненаден, но во исто време ќе биде историски несериозно и комплетна случајност ако останеме на “Република Македонија”. Има мноштво објективни сили кои работат во тој правец. Секако ќе ги отфрлам сценаријата на одредени малоумни кругови, дека сме мета за уништување на најголемите сили поради некои митски и алшароидни причини. Идете утепајте се со тие муабети. Но ќе биде несериозно ако не се осврнам дека отсекогаш сме биле и сеуште сме територија која нашите соседи со задоволство би ја до-поделиле. Но никако не би можел да го вперам прстот во никој освен нас самите и нашите политичари. Политиката на лично богатење за сметка на зачувување на територијалниот и народниот интегритет на Македонија која СДСМ така добро ја инсталираше во 90тите, ВМРО блескаво ја надогради и прошири во изминативе 10 години (да не го заборавам и нивното брилијантно владеење околу 2001вата). 25 години беспрекорна корупција и брутален криминал, легализиран под знамето на патриотизмот. 25 години народ кој без многу врева се согласува на било какво политичко, економско и морално подметнување од најдолен вид. Народ кој ниту еднаш не излезе доволно налутен и во доволен број за да казни барем една политичка номенклатура, како предупредување дека нема играње со нивните животи и иднина. Народ кој со задоволство ја бутка втората плескавица по ред на 1ви мај, додека политичарите буквално без поговор ја продаваат територијата и идејата за самостојна, независна, суверена Македонија. Дури ни на врвната провокацијата нараечена аболиција, со што и официјално се легализираше организираниот криминал во земјата, освен неколку илјади преостанати ЛУЃЕ во земјата, никој не почувствува одговорност да се побуни. Премалку се оние кои се бунат. 
Еве една информација за сите вас од човек кој си замислува дека доволно добро ја знае и разбира историјата:
Тоа што не станавте да ги удавите во Вардар, каде што им е и место на гомната од влада и претседателскиот кабинет, ќе го платите со губење на вашата држава. Знам дека во моментот ви е гајле, но кога ќе се свестите дека за било каква потреба ќе мора да одите по “правда” во Софија или Тирана на пример, ќе сфатите што ви било зборувано додека голтате топло пиво со ефтина скара за продолжен викенд. И немојте никако да ги обвинувате Амеркинаците, курвата Вавилонска, Шиптарите, Грците, Србите или Бугарите. Дури ни Комуњарите, кои сепак имаат голем удел во продавањето на идејата и територијата Македонија. Кривете се себе, кои не мрднавте со прст додека вашите ВМРО и СДСМ, наместо да градат хумана држава за сите, ја продаваа не само западна туку и цела Македонија на нивните албански коалициони партнери, кои трпеливо седат и чекаат да се оконча историското македонско самоубиство. Кривете се себе што наместо да ги изгазите по улиците бубашвабите од ВМРО и СДСМ, ги гласавте и им доаѓавте на нивните бедни митинзи, културолошки поддржани од најдолното што пее и рецитира во Македонија. Кривете се себе, што учествувавте во креирање на држава од која вашите деца избегаа и ве оставија да гнетите сендвичи на контрапротести со кои ги добркувате сите оние кои мисела да останат и да се борат. Кривете се себе што се дел од земја во која никој нејќе да живее ниту инвестира, земја на која толку и е падната цената, што никој нема ни да ја брани кога утре-задутре Ѓаволот ќе дојде по своето. А верувајте му на еден second hand сатанист: ЃАВОЛОТ ЌЕ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО. Многу скоро. Нема да стане Александар да ве одбрани. Нема ни Михајло Апостолски да стане. Можеби ќе стане генералот Стојанче Ангелов, но тоа е генерал без армија. Армијата му ја избркавте од Македонија. Останавте само вие - одвратните примитивци кои гнетат сендвичи и скара и ние - неколку идиоти кои отсекогаш сме верувале во просперитетноста на оваа земја. Ах, да..тука е и Груевски и неговата банда….наскоро и тие ќе избегаат со милионите кои ги натрпаа додека гнетевте сендвичи - о, СТАОРЦИ. Морам да кажам дека и покрај мојата солидна писменост и каков-таков пишувачки талент, немам збориви со кои би можел да го искажам моето гадење за вас, мој сакан македонски народе. Но не ве жалам. Знам дека било која чизма да застане на вашето неубаво лице, нема да ви смета, напротив - ќе ви прилега. Чизма на лицето на роб е адекватен аксесоар.

Да сте живи, здрави и вечно весели и најадени во шталата.

Мирко Попов
16 мај 2016

Скопје

Monday, April 13, 2015

сите #ExYou текстови

01. 80Ти

Мала ја сум фраер у градов одавна
Уште од 80ти
Прв на коцка, прв у шминка 
80ти
Инди Рок, старки, 501
80ти
А мала моја не си била родена ти 
Во 80ти

2014та се влече
О мој боже како грозно време
Слушај мала сакаш ли со мене
Назад во 80ти

Ало идиоте не постојат веќе
80ти
Врска немаш лузер си
На Бјело Дугме се ложиш ти
Ма не си нормален
Со лоши фори, досадни
Седи дома, гледај тв, жена, деца
Нема 80ти 

Главен анархист у канцеларија си
80ти
Денес никој ништо не чини, младите се тапа
Знаеш ти
Друго беше ваше време-најбоље
80ти
Скопска фаца од фејсбук група
Мртва од 80ти

Кралица
Ти си моја ноќна кралица
Сон на сите градски кучиња
И нова омилена Скопјанка

Кралица 
Јас сум нова ноќна кралица 
Сон на сите градски кучиња
И твоја омилена Скопјанка

Вечер искачам у град за да бидам млад
Вечер искачаш у град за да изгледаш млад
Со тебе искачам у град за да бидам млад

Со тебе искачам у град за да останеш млад

02. Култура

Девојка од бронза стои на плоштад.култура
Мртов бог од стиропор за спомен.култура
Статичен брод кој плови на Солун.култура
Статичен танц заискрува во мракот.култура
Родиме мајко и фрлиме во диско култура
Купи ми граѓанин-роб навлечен на ТВ култура
Рашетано низ град сениште на новата култура
Запали го ќе гори Скопје и тоа е култура

Тоа е нашата слика
Култура

Лајкни ме на фејсбук фејвни ме на твитер.култура
Чукни три пати во дрво има и полоши од нас
Понуди ме на запад продај ме на исток.култура
Дискреираме мантра, трагаме по глас
Со погрешно знаме ја славиме оваа култура
Сите што ги сакам стојат овде меѓу нас
Ден менуваме за ноќ, распеана е нашата култура
Ноќ менуваме за ден, дај да биде прекрасен

Тоа е нашата слика
Култура, така се вика

03. Среќен

ТВ хипноза од страв
Диктатура во Руанда
Огнови во Европа
Апарт-хејт во МКД

Кич парада 
И бомба за влада
МасовНЕкултура
Традиција против живот
Лажирана безбедност

ГМО и вакцини не
Глобано затоплување
Се приближува Нибиру
Крај на светот секој божји ден

А Музика ме гали цела ноќ
Илузија врз ритам исконски
Нови бранови невидливи
Музика ќе те ослободи

Среќен
Научи да бидеш
Среќен

04. Ти Си Мојот Свет

Наутро се будам и те гледам јас
Како во сон уште го слушам твојот глас
Те гледам како растеш и се будиш ти
Ги сакам сите твои нови промени

Насмевка, мисла, поглед ти одмерувам
Слушај ме во љубов силно верувам
Главата горе и во од исправена
За сите нови нешта ти отворена

Ти си горе , ти си доле, ти си насмевка и солза
Ти си мојот свет
Горе, доле, насмевка и солза
Ти си мојот свет

За тебе стравот да е лажно минато
Од корен зло на народ свежо скинато
За тебе да е светот добра намера
Ослободена креација бела магија

Отвори очи гледај биди паметна
Не давај да те води тв серија
Бори се, трчај, играј, не се предавај
И дека јас те гледам не заборавај

Ти си горе , ти си доле, ти си насмевка и солза
Ти си мојот свет
Горе, доле, насмевка и солза
Ти си мојот свет

(на Лаика)

05. Граѓанин На Светот

Ти си роден на границата
Ти си Херој на улицата
Војна твоја втора мајка е
Овој град твоја бајка е

Таткова музика ти зборува
Биди човек те заморува
Еден човек слика голема
Универзумот на колена

Сепак
Спомни ми име
Воздивни име
Кажи ми име 
Мал мој граѓанину

Граѓанин на светот
Моја воља нее нација
Граѓанин на светот
Твоја Тера-информација
Граѓанин на светот
е И-дентитетот
Граѓанин на светот
Тоа е идентитетот

И ако посакаш да одиш, Оди! што подалеку
Ако посакаш да видиш што има по светот, Види!
Ако посакаш да знаеш повеќе од другите, Знај!
Ако посакаш да изградиш свет,
Изгради го за себе и за сите кои вреди да го поделат со тебе.

Сепак
Спомни ми име
Добро е име
Ти дадовме име
Мал мој граѓанину

Граѓанин на светот
Ти си 
Над Идентитетот
На 
сите луѓе затворени
На
Сите луѓе загубени
Ти си
Граѓанин на светот

Мал мој граѓанину

(на Артур)

06. Електрони

Две силни јадра, далечина
Совршени орбитали
Очекуван спој
Два електрони во распар
Содржиме ние, во најдалечниот слој

Можеби сигма е видот
На оваа врска
Провери дали е пи
Но не е важно
соединување има
фузија на јас и ти

Електрони
Хемиска реакција
Електрони
Обратен спин, коваленција
Електрони
Супстанца непредливa
Електрони
Непобедлив спој
Баланс само мој и твој

07. #ExYou Инструментал

Овој бит е пораката
Да го следиш својот сон
Искрши ја раката
Која краде твоја иднина

Ти си вечен како сон
Ти си вечен како зграда

08. Ретко Те Гледам Со Девојки

Ретко те гледам со девојки
А те гледам секој ден
Ретко те гледам со девојки
Сепак никад не си сам

Околу тебе момчиња
Фини се па сепак знај
Гласини се брзо шират
Пукнат ли, ќе биде крај

Ретко ме гледаш со девојки
А ме гледаш секој ден
Ретко ме гледаш со девојки
Сепак никад не сум сам

Девојките ми се драги
Сакам ги па сепак знај
Проаѓам јас тешко кај нив
Една средба одма крај

09. Америка

Ангели ме носат на свој бран
Западно од рајот, звучи како план
Крваво, а сонце после се
Поблиску до крајот, блиску до тебе

Кружиме над градот јас и ти
Горди птици - белоглави
Дронови во чаша, крв во водата
Своја цена драга има и слободата

А!

Овде слободно живееме
За надеж и за љубов ние пееме
Горки денови денуваме
Бел прав-пепел-син купуваме

Лебдиме низ градот јас и ти
Некој друг и ќе се загуби
Дронови во чаша, крв во водата
Своја цена драги има и слободата

А - Америка
Роден сум во Америка
А - Америка
Те сакам Америка

сите текстови Мирко Попов
освен Електрони - Теа Шалдева
Ретко Те Гледам Со Девојки - Влада Дивљан (препев Мирко Попов)

Monday, March 30, 2015

#ExYou

“We, so tired of all the darkness in our lives
  With no more angry words to say
  Can come alive
  Get into a car and drive
  To the other side”
(Steppin’ Out, Joe Jackson)

Промени се себе и ќе го промениш светот. 
Ова сигурно не сум го смислил јас, но фантастично го опишува моето животно искуство.
Човек може лесно да се предаде на духовна корупција, да верува во судбина, господ, или криминалец на чело на држава. Може онака шеретски да се натера да мисли дека е незаинтересиран, да фати сеир под нечија сенка и да прогласи дека се му е јасно во животот. Видов апликација со која човек добива инстант статура на урбан револуционер и неверојатна моќ да напише слобода преку небото со Times New Roman фонт и тоа болдирано. 
А секој ден е се покомплексно и потруло во државата Данска.
Секој ебен ден се будам околу 9 часот наутро со ортома и се поголем камен околу вратот и секој ебен ден ми треба се поголема сила да ги одмотам и фрлам што подалеку од себе. Од каде ли доаѓа таа заумна сила околу 10:15 часот, кога оптимистот во мене триумфира врз тескобата на таканаречената реалност и ме втурнува во денот како напален пастув? 
Директен резултат на прифаќањето на феноменот наречен ПРОМЕНА, драги гледачи:
1. Го оставам позади малиот мрзелив плачко, полн со презир и одбивност кон сенешто.
2. Ги собирам на купче омразата, корумпираноста, криминалецот на власт, сеирџијата, куропушачот, урбаниот револуционер и оној прекрасен фонт со кој е напишан зборот слобода на небото и ги гушкам…ги гушкам, ги гушкам силно - малце да се сплескаат и потоа ги турам во ранец и по џепови.
3. Излегувам во град, па сум музичар, другар, татко, љубовник, конструктивен соработник, надуван дебил, културолошки инжинер и свашта да бидам искрен.
4. Докај 15:45 часот толку пати сум се променил, да веќе и не сум сигурен баш кој сум. Единствено нешто во што сум сигурен е ДЕКА МИ Е ДОБРО. Дека сум СРЕЌЕН. Дека супер си поминувам во животот. Дека не би се менувал со никого. И сетоа тоа заради добрата воља кон промените во денот, но и промените воопшто.

Знам, ова делува како некоја чудна/чудесна ЦЕНТАРСКА РЕТОРИКА.
Но што да правам кога е банално да се прави албум кој уште еднаш ќе ви раскаже за срањата што ги знаете и од кои сте дел секој ебен ден.
Што можам јас кога едноставно не е фора (никад нема да биде) и пре-лесно е, да се поентира на грижа за правата на класите, животните, цвеќињата или недај боже човековите права. Фора е да тргнеш од себе, да работиш на себе секој секунд и да се менуваш во миг, со јасна мисла за конструктивност и отфрлање на менталната полуција. 

И ова не е мој албум. Не е ни наш албум (на бендот). Ова е албум на сите луѓе кои ме/не научиле да ја крепиме оваа реторика, да ги синтетизираме нивните достигнувања во едно ново, наречено #ExYou. Но пред се, ова е ВАШ албум. Ваш да го слушате, да го уживате, да го ползувате. Ако сакате се разбира. Се е до вашата лична амбиција.

Wednesday, March 4, 2015

Се Плашам Од Македонци (текстови од истоимениот албум на Sethstat, Nikola Kodjabashija, Mirko Popov)

Кругови

Од каде дојде, зошто дојде овде
Нее време на убавина
Продај се што имаш, бегај, најди
Друга љубов и татковинА

Лице на цврсти агли, силни коски
Строги форми неправилни
Мислам на твоите гради во моите раце
Додека во песок цртам кругови

Еј ти!
Како икона на ѕидот стоиш ти
Со тие очи кои шират кругови
Икона од градот цел во руини
Што бил голем кул во век тринаесТИ
Чиниш мислите да вртат кругови
Околу тебе стегам лесни кругови
Мрачни мисли, бесни песни љубовни

Доаѓам овде секој ден те гледам, еј!


Потпиши

Лежиш во мракот 
На својата соба
Перо во рака
Мастило на постела
Спокојно чека 
Договор непотпишан
А Шејтанот дреме (во плакарот)
Шејтанот чека (во плакарот)
Чека твоја одлука

И не гледај ме чудно
И не гледај ме чудно
И не гледај ме чудно
Само потпиши

Потпиши

Неќе да ги слуша тие песни
Ќе се затвори во себе
Ќе ме мрази секој ден

Неќе да ги слуша тие песни
Ќе се затвори во себе
Ќе ме мрази секој ден

Потпиши

Зошто тајно пламенот го имаш
Така трајно верата ја примаш
Тајно пламенот го имаш
Трајно верата ја примаш

Потпиши

Ти си мое дело, јас сум твојот сон
Ти си мое тело, јас сум твојот слон
Ти си мое дело, јас сум твојот сон
Ти си мое тело, јас сум твојот слон

Потпиши


MCA е Мртов

Дај!
Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Сонична татковина
Непожелна мировина
Конечна татковина
Со богови медовина
Дај!

Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Дај му права музика
на човекот е бесмртен
Кратка авантура
Животна култура
Електрични балончиња
Со две три диви момчиња
Електрични балончиња
Со две три диви момчиња
У!

Non-stop, from the top, when you rock, than we rock
Them not kicking’, them not sticking’, we be makin’ hip-hop
Pound for pound, keep the bass-lines round
See you rocking’, see you clokin’, checkin’ my sound
So c’ mon everybody get down
Yeah

MCA е мртов
MCA е мртов
Кое срање човече
MCA е мртов
MCA е мртов
Не е мртов
Не е мртов
Не е мртов


Кризни Ситуации

Каде е упатството за постапки во кризни ситуации
Исчезна богатството и нежноста на песните одамна
Пробај ја молитвата за помош во кризни ситуации
Осаменоста и нее оправдание за лошо друштво

Провери го нивото на хигиената во твоето купатило
Соочи се со ликот-предавник во твоето огледало
Деновиве пред години е празникот на твојата убавинА
Време е да најдеш нешто корисно а досадно да работиш

Или Испиј 2-3 ракии засакај ме повторно на час

Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам дека сонувам
Знам

Каде е упатството за постапки во кризни ситуации
Исчезна богатството и нежноста на песните одамна
Пробај ја молитвата за помош во кризни ситуации
Осаменоста и нее оправдание за лошо друштво

Гушни ме ти нежно, силно, долго, не мора да е љубовно
Гушни да поверувам ко оној пат убаво на сон
Она дрско но и прекрасно е доказ дека нешто и направивме
Си имаме и нешто толку многу подобро од нас


Ден и Ноќ (текст на Теа Шалдева)

Те гледаат низ парче стакло
Замаглено од здив
Тие знаат се за тебе
Засекогаш си крив

Вековите се само секунди
Помножени со линии
А линиите се крути лузни
Од твоите грешки чудно невини

Ене денот доаѓа
Кога ќе останеш и сам
Нивно горчливо е пророштво
Мал симбол на туѓ срам

Ене ја и доаѓа ноќта
Кога сам ќе останеш
Твоја слатка награда
Ако до тогаш опстанеш

Ако до тогаш опстанеш

Можам да знам 
Можам да знам 
Можам да знам
Дал ќе бидам сам

Ден и ноќ
Ден и Ноќ
Ден и ноќ
Тис си ми се
Само јас и ти 
Под сонцето сме

Ден и ноќ
Ноќ и ден


Доцен Час

Кој сум јас 
Во овој час
Кој сум јас да би го свртел овој град
Кој сум јас
Во доцен час
Кој сум јас да би го талкал овој град
Кој сум јас
Во овој час
Кој сум јас за да му пејам совој глас
Кој сум јас
Во доцен час
Кој сум јас за да раскажувам за нас
Кој сум

Кој сум јас 
Во овој час
Кој сум јас да би го свртел овој град
Кој сум јас 
Во доцен час
Кој сум јас да би го талкал овој град
Овој град!

Овој град е напуштен
Овој град е пуст
Wow! Види колку е убав, кога е пуст
Овој град

Овој град е напуштен
Овој град е пуст
Wow! Види колку е убав, кога е пуст
Овој град
Стаорците први бегаат, кога мислат бродот тоне
А овој брод не тоне
Овој брод плута во место

Каде тоа?
Каде тоа во овој доцен час
Каде?

Премногу е студено во овој град
Премногу е урбано во овој град
Anything goes не е валидно
За овој град

Јас и ти, сме најубави во овој град
А конкуренцијата е се послаба и послаба
Да се биде млад
Во овој град


Се Плашам од Македонци

Кога ќе спадне градежната прашина
И стивне пропагандната машина
Прав во воздухот виножито се стори
Сонцето милува во шепот ми збори:
Се плашам од Македонци

Пре-биг бенг делузии без стил
Молитви низ беспаќа на векови ечат
Се изнаслушала желби-ноќни стражи
Испукана е Луна крика:
Се плашам од Македонци

Заситен од креација и туѓа смрт
Банален во бескрајна моќ
Преморен и рамнодушен
Бог на умирање резигнирано повторува:
Се плашам од Македонци

Луѓе мали со полни стомаци
Скапи одела и рало опинци
Кутри души по навика робови 
Злобни мисли и плитки гробови
Се плашам од Македонци

А ги сакам моите деца
Ги сакам и твоите деца
И сакам да гледаат нагоре 
со надеж, 
не со страв
Сакам да се разбудат
Да гушнат мајка, татко
Да излезат да освојат татковина
Да освојат свет
И свет да ги освои
Да не се плашат
Да не се плашат
Да не се плашат повеќе

Saturday, September 6, 2014

Македониде*Makedonide Manifesto

Македониде е првата ќовечка раса на Земјата, никната од семето на Македон.
Од Македонидето настанала Белата Раса.
Малку подоцна, Господин Бог - синето на Македон, ги креирал Монголодите (жолтата раса) и Негридите (црната раса)+еден куп Мулатаана (мешана раса). Сите тие се нижа раса и се потчинети на белата раса.
Македонидето постои 102.013 години.
Македонидето ја населува областа околу средоземниот базен. Доказот за тоа лежи во пештерата на Халкидики, каде е најден череп од Македонец. Македонидето почнало да експанзира околу Средоземното Море како жаби во барата.
Структурата на Македонидето е кралска.
Религијата на Македонидето е АНТИЧКА ПРАВОСЛАВНА МАКЕДОНСКА РЕЛИГИЈА, која ја продолжува божјиот син Херакле преку неговиот божји син Александар МАКЕДОНСКИ. Александар го најавува новиот Месија.
Македонидето постои 102.013 години.
По смртта на Александар Трети Македонидето, неговите наследници уште многу точно 2300 години, Македонидето ќе владее на овие простори до Клеопатра 7 и Цезар, а понатака Македонидето ќе твори преку Константин 1, Јустинијан, Васил Втори, Цар Самоил, Константин 12, Цар Душан, Кастриот, Карпош, Николај 2, Гоце Делчев, Тито, Ченто, Никола Први Македонски, Диџеј Пари и Диџеј Велигден.
Денес Македонидето е врв на светската цивилизација.

Музиката и првото човечко писмо доваѓаат од Македонидето.
Македониде е суб-лејбл кој ја воздигнува чистата Македонска МУЗИКА, испеана само од чисти Македонци. Од други раси музика не издаваме. Оти оваа Музика не е за оние кои не веруваат во Бога, ниту пак за оние кои се одродиле од Македонството.

Friday, December 27, 2013

Kanton6 feat.Makedonide Crew - Deca Na MRTV


Message from Thee Temple: КантонШШес се распаднаја под мотото: КРАЈ НА ПРОГРАМ'ТА, СВАЌИШ? Овае последната песна од нивниот втори албум ДЕЦА НА МРТВ и ќе останеше на инструменталка, доколку Дискографската Куќа ПИЕМЏИ-гладна за профит - не ги донесеше кучината од Makedonide Crew да рапаат врз неа. Овака и албунот испадна 2013, али 2014та, а и ќе шшушне ќешче, ќе има за кавиљар и шшампајско. КантонШШес ја напуштија оваа димензија и се преселија на НИВО4, а вие ћао ћао фафани!!!

2013 >> Best Of Albums

01 Matias Aguayo - The Visitor
02 Dale Cooper Quartet & The Dictaphones - Quatorze Pieces De Menace
03 Johnny Marr - The Messenger
04 Factory Floor
05 Phillip Glass - Visitors
06 !!! - Thriller
07 Vatican Shadow - When You’re Cravling
08 David Bowie - The Next Day
09 Arcade Fire - Reflektor
10 My Bloody Valentine


next 10

The Flamming Lips - Terror
Shifted - Under A Single Banner
Var - No One Dances Quite Like My Brothers
Prefab Sprout - Chrimson Red
Bill Callahan - Dream River
Chelsea Light Moving
The Asphodells - Ruled By Passion, Destroyed By Lust 
Dead Can Dance - In Concert
Public Service Broadcasting - Inform, Educate, Entertain
Group Rhoda - 12th House