Thursday, December 27, 2012

PMG Kolektiv - Grad Vo Pustina




We built this city to a virtual dream of a distant spice flow.
The sand is the soul to the city, this city in dust.
Thee City of mine, not unlike desert: half full - half empty.
We are still here.

Original song by Darkwood Dub (Belgrade, Serbia)
Re-done by PMG Kolektiv (Skopje, Macedinia)

Kanton6 - Жими Крс' Несум Нашмркан




Message from Thee Temple:
Kanton6 takes You on an epic journey through Level4 and New Age of Spirituality.
Thee Apostoles of Makedon provide You with the latest mental jams and forehead weapons CONTRA poor man's 'end of the world' concepts.
Old School sonic doctrine enslaved to a New School Principate of Light and Sabre.
Post Industrial Aesoteria for Thee Peoples!
Welcome to Level4.

Monday, December 17, 2012

06 June 2011//Skopje
People protesting police brutality and murder of a young man (23-24), presumably named Daniel. The police officially says the kid just felt down by accident and died, but several eye witnesses confirm that he's been brutally bitten up by the notorious Alfa Police Squad and died. So it's a protest against:
1.police brutality
2.murder
3.officials covering up crime


video

Friday, December 7, 2012

Klan Secular Lyrics // Сите Текстови од Клан Секулар

01 С'ленце Или Зимо

Ти си сам
Во себе имаш свет
Во светот имаш сон
Во сонот имаш меч
Ти си свој
На себе носиш знак
Знакот не е крст
Аголен и цврст
Не си сам
Со тебе сум и јас
Светот е за нас
Во добро и во зло
Појди сам-нема договорено
Таму веќе сум и јас
Обред на отворено
Ти си тој
Во себе носиш храм
Кога зградите се блам
Руши ги ти сам
Ти си сјај
Почеток и крај
Еретик на чај
Па Дорасни и знај
Не е тест
Универзумот е свест
А Сатанаил е глас
Се собираме за нас
Дојди сам-нема договорено
Таму веќе сум и јас
Обред на отворено

Ти си сам
На себе мил
На бога мил
Богомил


02 Последната Битка

На хоризонтот стојам сам
Отспротива не гледам
Дива орда крстоносци
Го блокираат сончевиот сјај
И само понекој зрак
Одблесок железо заслепува
Празно лудило во налет
Самоубиство со залет
Да збришат се што не е како нив
Жедни за крв да ми се напијат
На Кланот Секулар
Да му стават крај
На коњот стојам сам и високо
Се подигнати барјаците
Од мене сите се простуваат
Со никого не се простувам
Ко да долго ќе ме нема знам
Сум купил место во вечноста
На сон примам пораки од
Предците на небото
Патокази од потомците
Сепак не е ова битка последна

Стаклени улици
Фасади прекрасни
Умови безгласни
Го крадат мојот град
Во тесни улици
Градот ми шепоти
И да се опстане
E победа
Бронзени улици
Владини убијци
Агит-проп лудаци
Го крадат твојот град
Скршени улици
Градот ми шепоти
И да се истрае
E победа


03 Овде Црква

Е, овде црква!
Стави една овде црква
Еј овде има место!
Еј овде има место
Mе прашуваш за мојата црква?
Tоа е Њу Јорк за сиромашни

Церемонија сива
Предавање на моќта
Мал астероид
Автентичен свет
Кој претендира на слобода на избор
И дрво од лимон

Нашите безвезни згради
Нашиот Цвет на 3 нивоа
Твојата пријатна и остра
Но бескорисна фантазија
Безвременска не чини
Нас аристократија

Да си ја земаме назад
Реалноста е наша
Главата ме боли
Боледува од слобода на избор

Овдека црква
На градиве постави црква
Има место колку сакаш
Место колку сакаш
Ме прашуваш за мојата црква
Тоа е Њу Јорк за сиромашни


04 Ние Сме Луѓе

Ние сме луѓе
Седиме дома
Ние сме луѓе
Јадеме
Ние сме луѓе
Се ебеме
Ние сме луѓе
Живееме
Ние сме луѓе
Одиме надвор
Навечер и преку ден
Ние сме луѓе Танцуваме
Ние сме луѓе
Умираме
Ние сме луѓе
На сина планета
Ние сме луѓе
Си играме
Ние сме луѓе
Водиме војни
Ние сме луѓе
Лудуваме
Ние сме луѓе
Си играме Господ
Ние сме луѓе
Патуваме
Ние сме луѓе
Сакаме уште
Ние сме луѓе
Се менуваме 
Ние сме луѓе
Ќе бидеме Богови
Ќе бидеме Богови
Еден Ден
Ќе бидеме Богови


05 Девет

Девет дена, девет ноќи
Девет, осум, седум, шест, пет
Девет минути
Девет дена
Девет години
Девет магии
Двет музи,
Девет круга,
Двет луѓе Непознати
Девет планети
Девет змеја
Девет Кита
Девет Мориња
Девет Гори
Девет Планини
Девет дена, девет ноќи
Девет деца, девет сонца
Градови
Девет луѓе Непознати
Девет, осум, седум, шест, пет

Девет пати она светлина созерцува
Девет врати она железни прелестува
Девет смртни грева наизуст одрекува
Древен-иден омен молчешкум прорекува
Дава живот таа девета месечина
Девет билиони луѓе на планетава
Девет раце надеж нагоре управува
Девет кода универзумот прославува


06 Играј

Заиграј си
Танцувај со музика на радио
Верувај ми
Движи се ко порака на видео
Погледни околу
Овој свет е духовна опомена
Раздвижи се
Чиста мисла, тело, дух и промена

Веруваме: јас и ти
Сите реалности се еднакви
Танцуваме: ПиЕмЏи
Ритуали нови, а праисконски
Заљубени: секси
Ритам, боја, линија искршена
Сонуваме: 100 и 3
Наша телонаука совршена

Играј: Спроти ветрот на улица


07 Зелено

Во сенките на големите автобуси
Го практицирам мојот избор
На зелено превозно средство

Сонуван е сон дека зелено е сонцето
Ветрот што крај пат ме дува зелен ли е?
Топли подземни води во боја радиоактивна зелена
Нано-цвеќиња од сите земји обединете се
Огромен интерактивен проектор кој
Секоја рамна површина ја претвора во тач скрин…
Сонувам заборав во зелена трева.
Сонувам зелен баланс во следниот милениум
Возрасен однос кон креаторите
Одржлива енергија да не лансира меѓу ѕвездите
Да не скроти во земските мајчини пазуви
Зошто уште сме зелени

Зелено е боја на оние кои дуваат
Зелени луѓе природата ја чуваат
Зелено е знамето на Клан Секулар во мирен ден
Зелен ритуал со звуци е секојдневен


08 Клан Секулар

Во кралството на соништа јури крвник беден
Од наша рујна крв дасе напие е жеден
И токму пред да смртен удар зададе по нас
Тоа е Клан Секулар и напредува за глас
Клан Секулар е сечовечка амбиција
Фронт на прогрес во истурена позиција
Клан секулар на штитот знак за право
Да се верува во себе е мудро здраво
За Клан Секулар овој свет е една нација
Колективен ум мрежа на цивилизација
Нон-зеро сума игра размисли увиди ја
Клан Секулар читај:приватна религија

Флуо-Процес од верувања и промени е мој
Ако сеќаваш ти добро-зло ќе создадеш и свој
Систем информации си пренос убав тој
Ако знаеш меч и книга Универзумот е твој
Создаден од ѕвезда ти си, исти материјал
Осознај, исполни го ти тој потенцијал
Сонца многу илјадни патокази за нас
Право Клан Секулар меѓу ѕвездите е час
Со бога дискутирај зошто во тебе е дан
Тоа е лице во огледало, честица ил бран
Тоа Клан Секулар генерира здраво живо
Поколение на црно знаме зелено и сиво


09 Право

Право како насока
Пренос информација
Право како Напред
Како нова генерација
Право како Порака
Право како сон
Секуларен Хуманизам Универзумот е дом

Wednesday, December 5, 2012

S'lnce Ili Zimo (Sun Or Winter)


This song connects Xth and XXIst century Macedonia as a world's focal point of advanced thought. Regressed mainstream establishment environment always provoked serious progressive ideas: in byzantine times, as well as "modern" times of today. Thee mind of freeman craves for open spaces and intends to talk to God on it's own terms. This song is about private conversations with God.

Wednesday, November 28, 2012

Klan Secular


Религија е првата мисла, првиот поглед нагоре, првата наука.
Прва злоупотребена.
Бевме со ум на деца и плативме огромна цена.
Плативме брутална цена и сеуште не знаеме дека таа мисла е наша.
Приватна.

Секој човек е засебно чудо.
Сечија глава секта е.
Приватно.
А сите глави чинат секта која Човечка Цивилизација е.
Минавме солиден пат од таму до овде и сега сите глави поврзани се во еден ентитет,
една Светска Мрежа.
Не сме веќе со ум на деца и ова би морало да ни е познато.
Не сме веќе со ум на деца и не ни треба туторство да стигнеме до сопствената љубов и вистина. Најмалку од се душебрижнички крвопијци - испразни среброљубци, редум кариеристи и лажни пророци, организирани во конфесионални банди, кои ја сквернават духовноста.
Благодарам, можам сам.
Благодарам, eat shit & die.
Благодарам, си имам ја ОВДЕ ЦРКВА.
Ме прашуваш за мојата црква?
Тоа е мојот град на пример.
Читај: Њу Јорк за сиромашни.

Во што верувам?
Верувам во себе.
Верувам во ПРОМЕНА.
Верувам во луѓето како систем и движење.
Цивилизација која се движи ПРАВО.
Верувам дека сите ние поединечно пренесуваме информации кои резултираат со цивилизациско добро, но и општа корист за Универзумот.
НИЕ СМЕ ЛУЃЕ и верувам дека нашата колективна моќ е во постојан раст и дека ќе не доведе во позиција да управуваме со најголемите сили на Универзумот, токму како што си замислувавме дека Боговите чинат.
Верувам дека Ние сме Боговите и еден ден ќе го демонстрираме тоа.
Светската Мрежа е само првиот пример на релевантно окрупнување на нашата свест.
Зора на ерата на Луѓето - Богови.

Потекнуваме од фин свезден прав, кој низ сложени, но логични пермутации и еволуции, конечно не направил Homo Sapiens. Од Африка сме ја населиле и освоиле оваа сина планета, да ја сакаме и користаме што е можно порационално, се додека не дојде времето да отидеме и да го освоиме Универзумот, наметнувајќи го нашиот начин на живот. Можеби коегзистирајќи со други цивилизации за заеднички бенифит. Можеби војувајќи против нив. Ќе видиме.
Потекнуваме од долга низа типови кои одат исправено и мислат со сопствената глава. Како што нашите предци ја анулирале инфериорната конкуренција во Неандерталецот, така и ние со време ќе го анулираме негативното влијание на инфериорното стадо клиенти на организираните религии. Но не со одземање на нивните животи. Ќе ги направиме повеќе како себе. Процесот е во полн ек и нема назад, а креативната вибрантност, технологијата, прогресивната уметност и философија постојано му вдахнуваат живот.
Секој човек во директен и непосреден контакт со Бога.
Секој БОГ-УМИЛ.

Самоодржливост.
Експериментирање.
Развој на духот и телото.
Постојана промена.
Игри. Танци.
Екстаза.
Животот е религиозна екстаза.
Да се живее.

Tuesday, October 30, 2012

The Freaks Come Out (On Thee Internet) #Sandy


Интернет и социјалните мрежи овозможија неверојатен простор за изразување на личното мислење на секој што има пристап до светската мрежа. Изразувањето на личното мислење веќе не е привилегија на оние кои се видни или популарни личности, или оние кои работат во медиумите. Сега буквално секој со компјутер или смартФон е речиси медиум. Далеку од тоа дека релевантноста на "секој" е субстанцијална, но сакале-не сакале, овде-онде ќе го прочитаме мислењето на буквално СЕКОЈ. Многумина од тие луѓе не ги познавам и количеството на непромислени глупости и малоумни бедотии само ми пролетуваат пред очи без да дозволам било каква интелектуална или емоционална реакција. Оние пак кои ги познавам, или знам кои се, всушност помагаат да ги комплетирам сликата и сознанието - зошто луѓето го употребуваат овој фантастичен простор за изразување на така бесмислен и тажен начин. Нивниот личен неуспех да се соочат со позитивната реалност, нивната неспособност да се снајдат низ лавиринтите на грубото секојдневие и конечно нивната потисната (или пак се-присутна) свест за неисполнетиот потенцијал како луѓе, неминовно ги води во автодеструкција, која така блатантно ја изразуваат каде стигнат.

 Нема подобар момент за демонстрација на нивната лична автодеструктивност од миговите кога некој доживува катастрофа од сериозни размери. Идеално е катастрофа да доживее избраниот/замислениот непријател. Тогаш, севкупноста на нивната автодеструктивна, главно самонаметната судбина, се рефлектира преку деструкцијата која ја доживеал "непријателот", се амплифицира и манифестира преку наситување, веселење и буквално наебување на туѓата несреќа, за да се доживее климакс во беспомошните алузии за (божја) правда. Само погледнете ги постовите на еден куп познати и непознати ликови на интернет за катастрофата која ги зафати источниот брег на САД и Њу Јорк - еден од симболите на западната култура и цивилизација. Со истиот дебилен жар во очите и празнотија во духот како и за време на рушењето на кулите на WTC, ќе ги видите тие "релевантни" ликови како се наситуваат на несреќата на дежурниот кривец за сите глобални, но и нивни приватни проблеми. Добро е кога се има така омнипотентен и конечен непријател. Едноставно нема потреба од превземање одговорност и фаќање за сериозна работа. Доволно е да се има Фејсбук и од бедотијата на ќорото "засолниште" да се сере по Америка и сите други таргетирани кривци за личниот неуспех, или неуспехот на сопствениот народ/влада. Има еден матен облак на самоправедност, лажен значај и непостоечка мудрост кога се напаѓа потврдена сила, дали е тоа "светскиот полицаец", или некој локален човек од акција. Секогаш ќе има и публика за такво фрик шоу: мала, искомплексирана, автодеструктивна. За мене, барем кај нас, не е проблемот што шака јадници се ситат на нешто што не можат да го допрат, туку тоа што таа отворено лузерска тенденција, лесно станува тивок сентимент на пошироката јавност. Но тоа е веќе друг проблем.

 САД се мошне солидна и организирана земја, која ќе се справи со овој проблем, ќе го надмине и ќе надгради врз него. Ако утре, не дај боже кај нас, или во Иран на пример, се случи катастрофа од сериозни размери, САД ќе биде предводник на оние кои ќе дојдат на помош (сетете се на земјотресот 1963). Освен заради солидарноста на која се обврзани како светска сила, ќе дојдат и заради асимилација. Западната асимилација е процес кој кај нас, помалку или повеќе го завршија вашите родители, доброволно и со песна. Вие сте конечен доказ за тоа, а особено вие кои серете по западот. Да не сте асимилирани не би имале ни простор да срете по него. НЕ БИ ИМАЛЕ НИ ИНТЕРНЕТ ПОБОГУ!

Tuesday, September 25, 2012

Последната Битка

Последната Битка е песна од новиот 5ти по ред албум на ПМГ Колектив наречен Клан Секулар. Ова е дигиталниот дизајн за синглот кој го изработев заедно со госпоѓицата Николина Кујача.

Wednesday, July 18, 2012

Message From Thee Temple 332:0001

Kanton6 messengers of Makedon. Kanton6 never disappoint. Kanton6 love youth. That's platonic of course. Kanton6 makes song for youth. Kanton6 loves Zdravo Mladi Festival.Kanton6 hungry. Kanton6 eat. Kanton6 invite to FREE DOWNLOAD song at www.pmgrecordings.com White Powder!!!

Message from Thee Temple: Telefon

Message from Thee Temple: here you can LISTEN to our favorite #mulataana band PMG Kolektiv’s new single. You can also download it here: www.pmgrecordings.com / no matter this guys aren’t pure white race people, we like some of their stuff. sometimes we feed them exotic fruits, sometimes we feed them to the animals. depends really on the chinese horoscope. Here’s what they say in their defense on their native language (mo matter it’s a makedon dialect, they’re still not white really): Уште еден сингл подигнат од 6тиот ПМГ Колектив албум “Тезга”. Телефон е оригинална композиција на кавадаречкиот бенд Токму Така од 1986та година. Обземени од трогателната емоција и беспрекорната убавина на песната која вивидно живее во духот на тоа - за нас многу мило време - решивме да сложиме нова верзија, како би можеле да ја користиме во состав на нашите религиозни ритуали.

Message from Thee Temple 277.00541

Thee Messangers of Makedon. Playing live at Diese Festival in Dijon, France, spreading the eternal truth about The Makedonia. After destroying a #Mulataana Cell, Kanton6 safely returned to the creadle of Civilisation to eat, drink, sleep. ANd...

Message from Thee Temple 874.9006

Message from Thee Temple: After a microGENOCIDE performance on NON-white PMG Kolektiv members, Kanton6 - thee messengers of Makedon, took up their birthright to concert around PRAVO liturgy. And they did it well at PMG Recordings Festival 3 - Skopje Remix, june 30 2012, Sektor 909. White powder!

Monday, April 30, 2012

20 Years is a small price

20 години е солидна бројка. 20 години работа. Скоро секој ден. На моменти ми доаѓа да го кажам зборот "професионално". Уште таму далеку од времето под сенка, па наваму низ оваа продолжена и често нељубезна хиперизложеност. 20 години несум се отрезнил. Но самиот живот е пијанство, смртта е трезна. За 20 години речиси научив да победувам странични ефекти. Научив дека ДОЛГИ ПАТЕКИ е правиот избор. Исто знам дека СЕГА е најдобро од било кога. За 20 години сакам сеуште да пуштам музика. За 20 години научив да пуштам музика.

Thursday, March 22, 2012

Пасторална слика од НАШАТА Митологија

Еден ден, док бил мал, Господ Бог си играл дома и осетил како нешо има у уста. Го врткал, го врткал и у еден момент го извадил и глеа-влакно од кур од татка му Македон. Го земал влакното, земал малку од лигата на бејби ситерката која штотуку задремала (инаку во тој период го чувала неговата Мушка Тетка) и ги вкрстил во возбудлив научен експеримент. Да, Господ Бог бил навистина напредно и паметно дете. Вкрстувањето на ДНК од Мушка Тетка и курово влакно од Македон го родило Голем Дојчин - првиот од расата Куроиди. Небеските Гусари.

(првородениот син на Голем Дојчин бил Триглав)

Friday, January 27, 2012

Зошто Ги Сакам New Order



- затоа што докажаа дека има живот после смртта
- зошто фактот дека не знаат да свират го претвораат во своја предност
- затоа што Blue Monday ја пуштам без престан и релативно редовно од 1983
- затоа што сите песни/текстови се напишани за мене
- зато што се 4 кретена
- затоа што никад не се распаѓаат
- затоа што ги ставија парите таму каде што им е устата
- затоа што ја финансираа манчестерската екстази еуфорија
- зошто ќе снимаат нов албум
- "my morning sun is the drug that brings me near, to the childhood i lost replaced by fear"

Wednesday, January 11, 2012

Македонски Албум на годината 2011

01. Aleksandar Pejovski / Diskreiranje Mantra
02. Sethstat / Korab
03. Ha Ha Ha / Tango Revolucioner
04. Mooger Fooger / The 4th Of July
05. Dusko Janevski / Magika
06. N.Kodjobashija+Foltin+G.Stevkovski / Penelope X
07. Aleksandar Pejovski / Le Tombeau
08. G.Trajkovski+E.Hristova / Bioscopia
09. Bei The Fish / Just An Idea
10. Conquering Lion / Know Your Wisdom

Следните 2 албума на разни начини ми се албуми на годината, но од приватни причини нема да ги рангирам:

01. Kanton6 / Chill Folk
02. PMG Kolektiv / А Векот Така Добро Започна




Македонски песни на Годината 2011
Листата е составена стриктно според ЕМОЦИОНАЛЕН метод. Разумот нема ама баш ништо со ова.


01. PMG Kolektiv / Deca Na 2 Veka
02. Kanton6 / Peshkoto
03. Ha Ha Ha / Sivo-maslinesti Maskirni
04. Aleksandar Pejovski / Sol Makaron
05. PMG Kolektiv / Shtom Te Vidam
06. N.Kodjobashija+Foltin+G.Stevkovski / Kouros
07. G.Trajkovski+E.Hristova / Jana
08. Dusko Janevski.Galathea / Melusine (Drunken Sailor Mix)
09. Aleksandar Pejovski / EU NATO
10. Sethstat / Bon Voyage Cassini II

Wednesday, January 4, 2012

РЕЦЕНЗИЈА / Sethstat-Korab (Sjf, 2011)



Ко бев мал многу сакав да пишувам рецензии. Читав разни и си викав и јас сакам да пишувам рецензии. И попосле кога пораснав навистина пишував. Пишував во Тротоар, Скопско Метро, Урбан Магазин и некои други весници/списанија, кои за жал одамна ги нема. Потоа престанав да пишувам рецензии. Можеби заглавив до гуша во секојдневно презентирање и креирање музика, па ми се чини некаде ми склизна потребата. Можеби понекогаш овде или онде нешто сум шкртнал, но шкртка не е исто што и рецензија. Сепак, овие манични денови, преслушувајќи го новиот албум на скопскиот џез бенд Сетстат, посакав да напишам рецензија. И еве напишав:

Неможам да се пофалам дека сум експерт за џез музика, но сум слушал. Сум бил по концерти, а си имам и свој омилен џез стил :) па и неколку омилени артисти од историјата и сегашноста. Сакам да кажам дека како и за повеќето “фини“ нешта, така и за ова-одлучувам преку суптилната кривинка на мојата ушна школка, која слкизнува право во мојот комплициран, но силно дефиниран внатрешен свет. И што тоа ми пријавува Внатрешниот Свет? Па пријавува РЕМЕК ДЕЛО. Ова се возрасни дечки, како по години-така и по музичко, но и свирачко искуство. И тоа се гледа. Веднаш се гледа и не ви треба монокл или дурбин можеби. Имаат искуство, имаат знаење и голема, голема љубов кон својата музика, а таа им возвраќа петкратно. Сепак, вистинските добитници сме токму ние-слушателте. Нивниот “Фри Џез“ на секојдневниот Џони може да му зазвучи хаотично, но тој тражи само искрено церебрално предавање. Токму во моментот кога ќе му се дадете на овој албум, тој ќе ви се отвори и предаде во целост. Инстантно ќе ви пренесе неверојатно количество космичка енергија која е сосем намерно уловена и транскрибирана во звук од овие фантастични музичари, кои тоа не го ни кријат...мислам, само погледнете ги насловите од песните низ кои плови нивниот КОРАБ. Фуриозно и бескомпромисно од една, елегантно и музикално од друга страна, а пред се светло и интелигентно. Барем јас така го доживувам. Еден од овие приватно и општествено манични/манијачки денови, одев низ улиците на Скопје-МОЈОТ град, и слушајќи ја оваа вонсериска плоча, се почувствував како ја набљудувам околината со очи и дистанца на ентитет кој е духовно, физички, по својата комплексност и релевантност сосем рамноправен, ако не и доминантен врз градскиот. Како да сум јас цел еден огромен, фантастично моќен ГРАД-КОРАБ кој плови во просторот и некако немам време да формирам чувства или мислења за она што го гледам вон себе. Преокупиран сум со приватно и сеопфатно доживување на универзумот. Навистина силно и посебно.

Купете си го.