Monday, May 30, 2011

Thursday, May 5, 2011

Свето ЈАС / Мирко Попов Мамбо-Џамбо / Петок 6 Мај 2011

Организираната религија е чиста глупавост. Во својата божемна потрага по бога, таа инсистира на сервилна, покорна единка, која треба да се држи во што е можно поголема игнорантност. Системите на организираната религија конзумираат и буквално сплескуваат гигантски број човечки единки во нагонот да преку масовност бидат доминантни и профитабилни. Масовноста отсекогаш била одлично оправдание за глупавоста и неодговорноста, а отворената тенденција за држење на масата во духовен и интелектуален мрак главно средство со кое се служи организираната религија.

Тешко се сомневам дека постои единствено врховно битие кое создало и контролира се во универзумот. Од друга старна речиси сум сигурен дека постои еден универзален систем од сили кои имаат интергалактичка моќ и во својата природа содржат духовна есенција која е огледало на нивната материјална потентност. И ајде, во целото наше незнаење од галактичкиве јасли, таа сила/есенција да ја наречеме бог. Тогаш сум сигурен дека бог дефинитивно не ја фаворизира организираната религија, а уште помалку нејзините гротескни претставници за пат до него. Уверен сум дека патот до “бог/а“ не води преку игнорантност, слепа покорност, простачки ритуали или пак религиозни војни. Во овој момент ми е сосема јасно дека доколку таква есенција постои или барем се надзира, патот до неа води преку себеосознавање и развој на единката. Се во универзумот е создадено од истиот материјал, но не многу нешта (барем од оние досега нам познатите) успеваат да развијат интелект/дух, како огледало на материјалната потентност. Човекот успеал во тоа и негова ултимативна одговорност е тоа да го негува и развива преку себе спознавање. Тоа е во директна спротивност со доктрините на организираните религии кои одамна се претворени во сервиси за контрола и профит. Повеќе од јасно е дека патот кон осознавање на било каков повисок систем од вредности води преку континуиран развој и реализација на единката, како дел од општество/цивилизација.

Смртта на организираните религии е императив. Твоето тело е твојот храм, а најдобриот пријател ти е дебелкото момче кое се наоѓа во твојот череп и се вика мозок. Оттука единствените религиозни ритуали кои ги должиш се оние кон СЕБЕ. Затоа и најголемиот верски празник во универзумот е Свето ЈАС. Шашава прослава на единката и нејзината уникатна можност да спознава и напредува без познати лимити. Да се славиме себе си. Може исто да се фураме на себе. И сето тоа без да заборавиме дека на планеткава има уште речиси 7.000.000.000 себиња кои ги имаат истите права и потенцијали.

А некаде прочитав и дека ќе имало УБИ БОЖЕ МУЗИКА :)))