Thursday, November 17, 2011

Граѓански Дух, не?

Бившата Југословенска Република Македонија во последно време просто имплодира од вибрантен граѓански дух.
Тоа пред се, се должи на лексичката еволуција во последниве 20тина години и употребата на зборот урбано. Интересен збор, кој во 80'те и 90'те се користеше главно во Скопје и за/околу оние релативно тесни авангардни уметничко-наркомански кругови кои штрчеа со својата различност од маусдонскиот просек на потпивнати, полууспани, земјоделски души. “Урбаната“ екипа на генерално незаинтересираната рурална публика главо и делуваше како чудесна светлечка реклама за нештата кои можеби доаѓаат, но немора да се сфатат. И зошто воопшто би се мачеле да разберат дека има живот после кацата купус? Владејачките “елити“, уште од времето на тнр. комунизам, но и понатаму, со “урбаното“ се справуваа парцијално и репресивно, се разбира во недостаток од елементарно образование и културолошки амбиции. Но тенденцијата на ГЛАСНОТО МАЛЦИНСТВО да се развива (и покрај репресијата и одливот на мозоци), сериозно засилена од поврзувањето со остатокот од светот (ај честито!) си го направи своето. Сосем неочекувано и наеднаш, да си “урбано типче“ стана ОК и одеднаш ЗБОРОТ почна да се шири како бесна полова болест. Велам ЗБОРОТ, бидејќи во рацете на најадените, полузадремани земјоделци кои шетаат наоколу набилдани во сакоа, или розе маички, “урбано“ може да биде само збор и ништо повеќе. Буквално секој втор идиот е “урбан“, а радио и телевизиските емисии нагазија до бесвест. Се разбира поголемите компании се залепија со своите дебилни кампањи и лека-полека ја дотераа лексичката еволуција до степен кога овој збор потполно го изгуби значењето кое во основа го има и стана беџ за китење на буквално секого без премногу мозок.

Голема улога во развојот на ГРАЃАНСКИОТ ДУХ од денешен тип кај нас одигра и светскиот тренд на споулавено лепење на фолк музика врз буквално секоја нова музичка појава од последниве 30тина години. Во недостаток од вистински нови музички правци/револуции, музичката индустрија (бидете сигурни дека таа е дел од многу посеопфатна индустрија) бесрамно го накалеми фолкот на буквално се што мрда: рок, поп, техно, хип-хоп, реге....Проспектот за ширење на пазарот кон подзаспаните и прејадени rural boys, подразбираше да им се продаде површниот дел, т.е. името од урбаната култура, а тоа просто лизга ако уфрлите фолкче во она што се обидувате да го продадете. Резултатите се фантастични. Има многу имиња-синоними за смрт на духот (world music, турбо фолк, етно итн.) кои на еден бескрупулозен начин го принесоа урбаното на истата софра каде што со валкани раце се гнетат цревца и свињски мрс. Можете само да замислите (а и не мора :) колку лесно и прекрасно беше таа “култура“ прифатена во Бившата Југословенска Република...не ми текнува името кое и беше....

Третиот сегмент во овој тажен еволутивен процес е поткрепата од “горе“. За бедната културолошка состојба на “елитите“ на власт во оваа земја е банално да се расправа. Пример: од 1944, откога се има држава, па до да речеме 1991ва, никому не му текнало дека можеби треба да се купи машина за режење грамофонски плочи, ако за ништо друго, барем да ги наснимиме сите наши народни песни, кои ако не се лажам се далеку најдобри во целиот свет. Нели? Амбициите на “елитата“ главно завршуваат со копирање на она што се работи во Србија. Ако земеме во предвид дека политички, Србија претставува една фашистичка паланка пар екселанс, веднаш станува јасно дека овдешното ниво на субординираност кон тој концепт, само добива лудачки диверзитет на неконтролиран провинцијализам. Без разлика од која “провиниенција“ се гадовите на власт, дали “комунисти“, социјалдемократи или националисти, просто е обсцено колку неможат да отпловат подалеку од своите српски идеали. Тоа беше очигледно преку отворената соработка (читај:шверц) на СДСМ со Милошевиќевата Србија, а уште поочигледно е преку криминално-мафијашките нераскинливи врски на моменталната ВМРОвска власт со структурите од “горе“. Токму ВМРОвците, кои редовно ги обвинуваа другите за србоманство, денеска јавно и бесрамно имплементират српски граѓанско-културно-политички модел во маусдонското општество. Додуша малку застарен (без разлика на староста-дебилен), но коските од српската канибалистичка маса се нивната максимална амбиција, нели? За сето ова да биде очигледно, ете ги, градат “стари“ здгради во “ГРАЃАНСКИ ДУХ“, а оно духот на Јужна Србијаод дваесетите години на минатиот век. Додуша има и неколку “грчки“ згради, што всушност претставува златен венец на ендемската малоумност која е вткаена во новопечениот бившомакедонски граѓански идентитет. Така да ако некој нешто праша за ИДЕНТИТЕТОТ, можете слободно да му кажете: ЈУЖНА СРБИЈА. По сите параметри.

Tuesday, November 8, 2011

Iran. A War Coming Soon @ your Home Teathers [PMG Kolektiv LIVE/Metelkova. Ljubljana, Slovenia/April 2011




Не планирам наскоро туристичко патување во Иран
Не планирам куртоазна посета на тоа тло
Не сакам да купам авионска карта за Иран
Гледав телевизија и научив за оската на зло
Порака до Вавилон и Персија и сите Каананити
Нашата е армија подготвена за долг пат
Посета пак по две илјади и триста години
Дојде време за колосален рецидив по врат

Иран
Ти си древен
Иран
Tи си гневен
Иран
Tи си вреден
Иран
Ти си следен

Тоа и нема баш да биде туристичко патување во Иран
Нуклеарен завет или празнење за долготраен мир
Непожелно е, досадно е, педерски е, аут е да размислуваш
Надуван сум, уживам во медиумски чувства инсценирани
Тонам во желе од масовни расположенија (блуп!)
Хипнотизиран, опиен од комунизам на афектите
Телото ми вика мир, разумот се дере војна
Телото ми вика мир, разумот се дере војна

Иран
Ти си древен
Иран
Tи си гневен
Иран
Tи си вреден
Иран
Ти си следен