Wednesday, November 28, 2012

Klan Secular


Религија е првата мисла, првиот поглед нагоре, првата наука.
Прва злоупотребена.
Бевме со ум на деца и плативме огромна цена.
Плативме брутална цена и сеуште не знаеме дека таа мисла е наша.
Приватна.

Секој човек е засебно чудо.
Сечија глава секта е.
Приватно.
А сите глави чинат секта која Човечка Цивилизација е.
Минавме солиден пат од таму до овде и сега сите глави поврзани се во еден ентитет,
една Светска Мрежа.
Не сме веќе со ум на деца и ова би морало да ни е познато.
Не сме веќе со ум на деца и не ни треба туторство да стигнеме до сопствената љубов и вистина. Најмалку од се душебрижнички крвопијци - испразни среброљубци, редум кариеристи и лажни пророци, организирани во конфесионални банди, кои ја сквернават духовноста.
Благодарам, можам сам.
Благодарам, eat shit & die.
Благодарам, си имам ја ОВДЕ ЦРКВА.
Ме прашуваш за мојата црква?
Тоа е мојот град на пример.
Читај: Њу Јорк за сиромашни.

Во што верувам?
Верувам во себе.
Верувам во ПРОМЕНА.
Верувам во луѓето како систем и движење.
Цивилизација која се движи ПРАВО.
Верувам дека сите ние поединечно пренесуваме информации кои резултираат со цивилизациско добро, но и општа корист за Универзумот.
НИЕ СМЕ ЛУЃЕ и верувам дека нашата колективна моќ е во постојан раст и дека ќе не доведе во позиција да управуваме со најголемите сили на Универзумот, токму како што си замислувавме дека Боговите чинат.
Верувам дека Ние сме Боговите и еден ден ќе го демонстрираме тоа.
Светската Мрежа е само првиот пример на релевантно окрупнување на нашата свест.
Зора на ерата на Луѓето - Богови.

Потекнуваме од фин свезден прав, кој низ сложени, но логични пермутации и еволуции, конечно не направил Homo Sapiens. Од Африка сме ја населиле и освоиле оваа сина планета, да ја сакаме и користаме што е можно порационално, се додека не дојде времето да отидеме и да го освоиме Универзумот, наметнувајќи го нашиот начин на живот. Можеби коегзистирајќи со други цивилизации за заеднички бенифит. Можеби војувајќи против нив. Ќе видиме.
Потекнуваме од долга низа типови кои одат исправено и мислат со сопствената глава. Како што нашите предци ја анулирале инфериорната конкуренција во Неандерталецот, така и ние со време ќе го анулираме негативното влијание на инфериорното стадо клиенти на организираните религии. Но не со одземање на нивните животи. Ќе ги направиме повеќе како себе. Процесот е во полн ек и нема назад, а креативната вибрантност, технологијата, прогресивната уметност и философија постојано му вдахнуваат живот.
Секој човек во директен и непосреден контакт со Бога.
Секој БОГ-УМИЛ.

Самоодржливост.
Експериментирање.
Развој на духот и телото.
Постојана промена.
Игри. Танци.
Екстаза.
Животот е религиозна екстаза.
Да се живее.

No comments:

Post a Comment