Thursday, June 3, 2010

НЕ ЛЕВО, НЕ ДЕСНО, САМО ПРАВО !!!

Секогаш кога Израел ќе здрви некоја “радикална“ мерка против своето блатантно непријателско опкружување, веднаш се јавуваат светските душебрижници со своите редовни изјави во распон од загриженост до повици за војна. Редовен репертоар од лицемерие, омраза и “мировни аспирации“ кои траат колку и секое чудо: 3 (три) дена. Ја следам таа сцена речиси 40 години и навикнат сум да не се возбудувам, ниту пак реагирам на тој тип односи. Она што ме натера да го скрчкам блогчево се реакциите на скопските ЛЕВО ориентирани активисти кои сеуште сметаат дека се што лета се јаде. Не ме сфаќајте погрешно, нашите леви активисти ги сметам за една од ретките светли точки во мачното македонско секојдневие и покрај тоа што неретко го губат патот (не тлото) под нозете и наместо независна граѓанска сила се претвараат во фронтална сила во борбата за власт…Како и да е...
Во случајот со израелското решетање на невини и помалку невини цивили, на моите социјални нет мрежи повторно добив ставови и линкови од детската градинка на скопскиот лев активизам. Случајно познавајќи ја историјата на Израел и секако реалноста на приликите и начините на кои се одвиваат нештата, не само што не се согласувам со осудите за постапувањето на институциите на еврејската држава, туку ми се чини дека и јас би постапувал исто кога би бил таму. Бродови полни со активисти-кур мој-активисти. Мислам секако има и активисти меѓу другите, нешто како перфектно оправдание, или во крајна мерка жив штит…Левичарење само да се биде лево и на страната на правдата/исправноста е крајно патетично деновиве. Не е ни умно…Време е да се напушти интелектуалната градинка и да се погледнат фактите на животот, историјата и цивилизацијата…Престанете мајкому да цмиздрите као пичиња по “правдата“ на светот кој никогаш не постоел, ниту ќе постои. Дури и да ви го дадат вие нема да можете да го изградите таков, пошто вие сте изградени другачие. Доколку се прочита историјата, лесно ќе се разбере сегашноста во која Израел го брани сопствениот, но и нашиот/вашиот интерес во тој дел од светот. Време е да се прифати реалноста и да се најде вистинскиот аспект за акција. Да се најдат лошите чичковци и да се бори против нив, но на вистинскиот начин. Само така имаме шанси...

И запамтете: НЕ ЛЕВО, НЕ ДЕСНО, САМО ПРАВО !!!

6 comments:

  1. Честито блог-от :) еве мала индивидуална контрибуција со цел да заживее.
    Зошто не веруваш дека биле активисти? јас сум во целост уверен дека и дечињата и старците кои биле во бродот се скроз „активисти“ ... е сега не баш ОНАКВИ активисти ... сепак ... во/со перспектива да станат воени ако веќе не мировни ...
    Во однос на светските душебрижници ... за да работат и генерираат пари треба да препознаат или иницираат проблем. Веројатно е и повеќе од јасно дека во интернационалната (неформална) терминологија проблемот значи потенцијален проект (во превод: пари) ...
    На крајот, се работи за ДРЖАВА ... ако некој го напаѓа интегритетот на државата и не ги почитува директивите на државата во која сака да влезе ... тогаш ... тоа и фалеше на нашата држав-(_)ичка. Не знам дали имаме јасно дефинирани научени лекции ... но ако и на ова се буниме ...очигледно дека НЕ.

    самир.
    ова е мое лично мислење и не мора да се совпаѓа со мислењето на организацијата на која припаѓам.

    ReplyDelete
  2. evrei(kapitalisti) i cigani(levi istochnjaci) toa e svetot vo koj ziveeme.bog da gi chuva sredinashite.

    ReplyDelete
  3. Баш право!

    ReplyDelete
  4. Ме интересира до когај левичарските "интелектуалци" ќе го бранат тероризмот во името на толеранцијата-Раководството на Израел јасно им кажа дека нема да пушта преку своја територија да им шетаат "активисти за човекови права" и за џихад и туека е крај на моабетот-Им беше речено ако не застанат ќе бидат нападнати-Борците за човекови права(немој аман)не го направија тоа и тоа е тоа-да застанеле немало да има мртви.
    пс:Левичарските интелектуалци моментално у Македонија не са новинари они са политичари кои одат контра националните интереси само автоматски дека таке мисли сегашната влада и дека не им е лево ориентирана-Убоо си пишал се што лета не се јаде :)

    ReplyDelete
  5. http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=9CEFFCCB9588B444ABFB554B5BEA02B9
    Самир.

    ReplyDelete
  6. http://aliabunimah.posterous.com/blog-post-israel-hasbara-fails-again-pics-sho?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+AliAbunimah+%28Ali+Abunimah%29

    ReplyDelete