Thursday, December 22, 2011

ОТ-ЧЕТ/2011




Потпуно исто као и Владата на Господи Господи Груевски (ГГГ), така и ПМГ Рекордингс обожава да дава отчети на крајот на тековната година. Изгледаме посериозно, а и стално нешто не голицка под носот. Речиси како да имаме бркови...
Финансии:
Без никакви илизии дека оваа година нема да биде параноично кризна за сите, 2011 за нас требаше да биде година во која ќе ги вратиме долговите настанати во “предавничката“ 2010та и ќе се консолидираме на посакуваната и неретко за нас, остварлива 0 (нула). Речиси и ќе успеевме во тоа, да не беше оној познат и јако заебан УДАР ОД ВНАТРЕ, кој не разниша до степен на достоинствен очај и го доведе во прашање постоењето на ПМГ Рекордингс. Оно таман решивме да вработиме ЈАК чоек-пријател и да потпораснеме као фирма, коа оно-чоекот ги украде парите со кои фирмата би живеела година дена. Можеби две. Но, да бевме ние луѓе кои се грижат за финансиската логика, сега веројатно ќе возевме формула. И новите, но и старите долгови си ги враќаме, па ако даде Господ, ќе ги исчистиме во 2012та :)
Духовност:
И оваа година издадовме 15тина изданија, како впрочем и секоја друга. Сме имале ужасно квалитетни години, но се чини вака сјајна не сме имале до сега. Езотерично ужуваме во дубиозната комбинација на финансиско дно и креативни височини. Господинот Александар Пејовски е врвна уметничка аквизиција за лејбл кој стаклени нозе има. Кванитетот е импозантен и еднаков на квалитет во случајот на ПМГ Колектив-Кантон6 комбото, со преку 30 песни/ремикси во една година. Вистинска шизофренија од креативен збес! Нашите The John и Concuering Lion, не удостоија со нови компакт дискови, продолжувајќи една болесно cool традиција на автентична музика. Господинот Душко Јаневски ни подари primo елегантен и музикален техно албум-одраз на неговиот извонреден развој како автор во последниве 4 години. Fighting Windmills дадоа нова збирка на оригинални скопски прикаски, а одработивме и издадовме и РАДИО ДРАМА во наша продукција, на што сме особено горди. Се на се, го вееме знамето како на филм...во војна...или уметничка слика. Сметаме дека постигнавме хомогенизација на креативните сили и дека тоа во блиска иднина ќе доведе до уште повеќе изданија во наша продукција. Веројатно направивме нешто помалку концерти во однос на минатите години (не сме броеле, претпоставка е), но без динар потешко се трга у акција. Но, без грижа. Никаде не одиме. Скопје сме бидени. До смрт.
Иднина:
Доколку некои теории за светот се покажат точни, следната година нема да бидеме овде да пишуваме отчет. Доколку пак Апокалиптичните Пророци повторно потфрлат, се надевам дека идната година ова време ќе пишуваме уште пограндиозен отчет.....Но чекај! Може ли воопшто подобро од ова? Навистина, може ли?

No comments:

Post a Comment