Saturday, February 26, 2011

А Векот Така Добро Започна/So Last Century

Ова утро ќе го преспиеш, па преспиј го и овој век. Упали компјутер и прави се да си во тек.
Ова помалку зазвучува како современа сирова парафраза на “Мамурни Људи“ од Леб И Сол, но вие вратете се во кревет и поспијте си, не се замарајте, има кој да му ја мисли. Не дозволувајте никому да ви кажува дека е време за Дијалог Со Инднината. Всушност, Вие вашето веќе одамна сте го завршиле, нели? Завршивте некое школо, се венчавте у црква, имате дете-2, одите на работа, цепате кредит, се крепите со пошироката фамилиичка...Најадени-напиени. Ма тупан! Со оглед на фактот дека вашата историја завршува во вашиот тањир, ни на крај на памет не ви е да му ја мислите за Иран, или пак било која друга блискоисточна земја на која и се потребни радикални промени, па макар тоа да било и За Македонија. Неее...ни од далеку. Па има кој да му ја мисли, зар не?

21виот век веќе не е мистериозна и технолошки возбудлива иднина, туку само непријатна и предизвикувачка сегашност. Децата На Два Века сеуште нерасонети, се спуштаат во оваа постеуфорична реалност. Сепак, реалноста е тука да се прифати и засака како Диско Геј Химна, отпеана на прошетката под триумфалната капија во центарот на градот. Да, Ова Не Се Луѓе, но твои се и твоја се одговорност, без разлика што нивните амбиции завршуваат на свадбената софра. Не ни треба музеј за да ја изложиме нашата Декларација На Неспособност, видлива е од земјината орбита-што пак нас повратно не прави музеј. Прекрасно е да се биде експонат, па макар и Предавник. Или во ова ново доба кое не затекнува во расчекор помеѓу желбите и способностите е корисно да се биде Предавник? А ќе се согласите, Векот Така Добро Започна...Кој тоа век?

Уникатно е да се уЖива во ХИП-ХИП (проституција-на куроВ) РЕВОЛУЦИЈА финансирана од владата. Педерски е да се штрбне од тој колаЧ, ако не си вистински рапер. Педерски е и да размислуваш. Педерски е и да си заклучен во сопствените моментални лиЧни интереси. Уште попедерски е никогаш да не сфатиш дека лиЧниот и општиот интерес се едно те исто. Затоа, немој и Оваа Ноќ да останеш дома во разговор со партнерот, убедени дека само вие сте ОК фаци...
После тоа, педерски е и да си #depre, затоа Излези Надвор да играме! #Радост на улиците.
Но, зошто толку #Twitter конотации во вака класична #Facebook приказна? Небаре се одмотува некаков Твитер Епик...

Слободата е болест. Тоа го знае секој добронамерен слушател на Радио Слободно Скопје. Затоа ние и си земаме за слобода да правиме што сакаме, да зборуваме/пишуваме што сакаме, да свириме/пееме што сакаме. Можеби би требале и вие. Е сега постои и солидно висока цена која мора да се плати за таков вид независност...Па сепак, слободата е болест, да ја ебам, курвата е болест.

И како што му рече стариот добар Аристотел на својот ученик Александар додека си играа има капЧе-нема капЧе...Македонија не е вечна.


......................................................................



А Векот Така Добро Започна/So Last Century by PMG Kolektiv is OUT in April/May 2011

No comments:

Post a Comment