Thursday, December 9, 2010

Macedonian Anti-Spring >>> PMG Collective Statement (April 8, 2009)



(АНТИ)САКРАЛИЗАЦИЈА

Цврсто се залагаме за задржување на граѓанскиот карактер на нашата држава, што во исто време е основна уставна карактеристика. Силната сакрализација на нашата држава во последниве неколку години е резултат на ефтин и вулгарен политички маркетинг и секако води кон зацврстување на позицијата на една од најнеобразованите земји во Европа и наше натамошно назадување по сите параметри. Изградба на верски објект на главниот плоштад кој претставува заеднички јавен простор на сите граѓани на Република Македонија (православни, муслимани, атеисти итн.), ке биде уништување на граѓанскиот карактер на самиот плоштад, поради сериозната нота на дискриминација по однос на верските, но и граѓански чувства. Изградба на верски објект со политичка одлука и пари на сите граѓани претставува сериозно погрешен и комплетно антицивилизациски чекор во ера на сериозни научни и технолошки достигнувања. Ако крстот на водно го претставува поразот на една повеќедецениска дискриминаторска македонската меинстрим политика која крахираше во воениот и морален пораз во 2001ва, црквата на плоштадот ќе биде симбол на нашата волја духовно да се вкопаме во место и јасно покажеме дека немаме намера да ги прифатиме промените кои со векови го движат светот напред. Што повеќе, ако се дозволи изградба на црква на плоштадот, само прашање на време е кога ќе дојде до сериозно барање за игзрадба на друг верски објект на истата локација.

Сакрализацијата на плоштадот Македонија ќе претставува сериозен удар врз единствената заедничка основа на сите граѓани на оваа земја, без разлика на национална или верска припадност, а тоа е ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

АРХИТЕКТОНСКИ АСПЕКТ

Скопје е една од најгрдите метрополи во Европа. Вулгарна некултура и криминал се основните постулати на планирање и изградба на нашиот главен град. Изградбата на црква на плоштад е само продолжение на истите тие критериуми, дозачинети со тесногради дневнополитички интереси на моменталната власт. Тоа воедно претставува и продолжение на нагрдувањето и загушувањето на плоштадот, започнато со архитектонското безумие на претходната власт. Се поставува единствено прашањето каде планираат да го постават вториот верски објект кој ќе мораат да го градат логично по изградбата на црквата и дали можеби имаат долгорочен план за архитектонски туризам со скриена монтипајтоновска поента (???)

ПАРТИСКИ АСПЕКТ

Политичарите од Македонија БЕЗ РАЗЛИКА НА КОЈА ПАРТИЈА И ПРИПАЃААТ, докажале дека немаат ниту интерес, ниту намера да градат држава. Освен криминалот во смисол на цедење на државните ресурси за нивни приватни цели и корист, доказ за тоа се и нивните сметки во странство и нивните деца во странство. Па зарем нивните деца ќе живееа во странство доколку политичарите сериозно работеа за подобра иднина на својата земја?
Ние сме деца на оваа земја. Нашите деца живеат во оваа земја.
Ние не припаѓаме на ниедна политичка партија од списокот. Единствената партија на која ние и припаѓаме е МАКЕДОНИЈА.

ПРАВА

Ние стоиме зад правото да слободно го кажеме и на наш начин изразиме он што го мислиме и сакаме. Тоа право сме подготвени да го браниме со нашите животи.

No comments:

Post a Comment