Friday, July 2, 2010

Македонија Вечна.


По 100ти пат ги гледав сите овие профи реклами на телевизија, отидов до WC и решива да се олеснам на овој начин...

Воопшто не ми се допаѓа ова проклето меинстримизирање на фолклорот.

Идејата за “world music" од осумдесеттите, само триесетина години подоцна се трансформираше во огромен, смрдлив монструм со илјада глави. Неподносливиот квантитет и вулгарниот квалитет со кој масата произведува и конзумира фолк производи ме доведува до кататонија. Од една страна квази-духовни манијаци кои репетитивно силуваат се со марката традиционално, засилени со занаетчии-опортунисти кои децата би си ги заклале за пари. Од друга страна непрегледна маса на припрости, пијани и суеверни домашни животни со “човекови права“, па дури и “право на сопствен музички вкус“, кој се сведува на кафана, пот и повраќаница. И сето тоа државно спонзорирано. Токму таа држава, поточно НАЦИОНАЛНА држава, која сфаќајќи дека ги брои последните денови на оваа историска сцена и во грчевит обид да потрае што подолго, буквално го финансира тој простотилак, таа глобална поза. Ми се гади од тоа малоумно држење за лажните корени, назадни традиции накиснати во фашистички морал, масовно држење на главата во лајна, насилство од естетика против чистата детска љубопитнбост и неспорниот и незадржлив клеш на културите. И покрај историската безнадежност, просто е неверојатен успехот на ретро-националистичките политики во фолклорна обланда, во ова време кога на сите со барем малку сол во главата им е јасно дека нивното време е историја. Политичката коректност на фолк монструмот е ужасно тежок залак за голтање. Тука не помага ни мајонез. Да не отварам уста за улогата на организираната религија во таа равенка, се плашам да не се разбуди пироманот во мене-а ко бев мал и ко децата палеа огин у маало си одев дома.

Голем поздрав до божјиот народ и ВЕЧНАТА библиска земја.

петок 02 јули, 2010, Скопје

3 comments:

  1. Мислиш, касно им текна да промовираат национализам, кога сите големи заедници поминуваат во наднационални...тоа се вика ментална ретардација...

    ReplyDelete
  2. На 223-30666 те чекам драга...July 3, 2010 at 10:54 PM

    Па немој така младичу, па они се чувари на идентитетот и негуватели на традицијата, нали овај... Ти мислиш така се идело у Европа? Абе без “Заџи заџи јасно сунце“, зурла, тапан како и елегичен кавал ти си никој и ништо, море хеј! Затоа веднага Чирило да ви напрај еден ремих на “Скотјанка“ во исконскиот и генетски немодифициран седум-осмински такт и...напаѓаме на Запад со лакт!

    ReplyDelete
  3. Се сложувам. Не ни поседувам телевизор, па пак имам проблеми со дигестија од истите наведени причини :)

    ReplyDelete