20 години е солидна бројка.
20 години работа. Скоро секој ден.
На моменти ми доаѓа да го кажам зборот "професионално".
Уште таму далеку од времето под сенка, па наваму низ оваа продолжена и често нељубезна хиперизложеност.
20 години несум се отрезнил. Но самиот живот е пијанство, смртта е трезна.
За 20 години речиси научив да победувам странични ефекти.
Научив дека ДОЛГИ ПАТЕКИ е правиот избор.
Исто знам дека СЕГА е најдобро од било кога.
За 20 години сакам сеуште да пуштам музика.
За 20 години научив да пуштам музика.
No comments:
Post a Comment