Ајде Мали
Sвезда на небо ни подари момче
Сјае, да почне да сонува градот
Лично до пркос, фанатично момче
Лета, којзнае каде е сега
Ритам, танцува моето момче
Гледам, невидлива сила го носи
Совршено движи, е тоа е момче
Во време, патувам, дома се враќам
Стани, не долевај солзи на тага
Стрелај, кон иднина линија права
Борба е име на секое момче
Сила што исправи тело и глава
Ајде мали
Ајде мали
Ајде мали
Ајде, ајде мали
ме вика Мирко
Ме вика мирко
Смртен си плен
Пушти ме играм
Уште е ден
Се викам мирко
За доволен
Пушти ме играм
Уште е ден
Европа
Оплакувам умно потрошена нежност
Невидливо светло во мене си
Заумна сила што не ја разбирам
Грабнав јас се, што ми понуди ти
Го живеам тоа - во мене го виде
Дал’ разбра, ил’ само веруваше ти
Те пеам си песна, ти должам и вечера
Те слушам во здивот, те среќавам в сни
Елеганција сјај
Мој роден си крај
На време за чај
Европа без крај
Од водата меч ми подаде рака
Во камен го зарив во смртниот час
Немав ни татко, не наследив земја
Ми подари песна да пренесам глас
За детето среќа, во болката спокој
За тебе кујна за мене шир
За очиве бескрај непловени мориња
Во собата небо во срцето мир
И повторно смрт на нашата врата тропа
И повторно смрт на нашата врата тропа
Еј ти си ни дом сите нас, Европа
Bella
Ти си, ти си БЕЛА
Лична мома смела
Моја земја цела
Црвена и БЕЛА
Крај Вардарот БЕЛА
Умна мома смела
Таја мисла стрела
Ќерко наша БЕЛА
Ти си, ти си БЕЛА
Скопска книга БЕЛА
Градови и села
Наша земја цела
Жена Парк
Ме покори со добрина
На тело носам модрина
Зло и страв ме одмина
Ти си жена парк
Спокој ногите ги криеш
Ноќе мирно спиеш
Силни раце па ме триеш
Супер жена пак
Па па па па па па па па па па
На модерниот маж му треба
посилна од себе
Да го гледа да го брани
Да го расте да го ебе
Око ти ми наполни
Работа е дрога
Добрина ти пи ар
Не ти гледам двата рога
Па па па па па па па па па па
Брзина на Свест
Смирено го расфрла ти небото со ѕвезди
Татков великодушен е гест
Во кутија е лимена, пловам јас низ мракот
Патувам со брзина на свест
Па претворам јас време дае глас и дае песна
среќа несум сам во стројот жеден
Во кутија од звуци ние пловиме низ мракот
Не сум сам ме има уште еден
Крвоток од болка градов ти со тенки нерви
Приватно на естетски сме тест
Распеани сме мртовци па газиме низ мракот
Шибаме со брзина на свест
Градска Плажа
Тишина е новата радост
Носталгија, пустина се стори за декада
Освоила сенка новата младост
Брегот - тротоар, замислен пријател стар
Во ликот му видовме мајка и татко
Од очите им течеше музика стара
Ни дотекна ритам за улава песна
Низ уши што влага и дупната глава
И летово тука останавме сами
Чекавме морето нас да ни дојде
До Небото Замок
Утро бевме убави и млади
Потстанари во замок кој се гради
Крило твое штитеше од бура
Оплемени ми глава со култура
Црна земја лепи нога
Глава горе не молам ни бога
Песна своја пеам зло да падам
До небо твој е дом јас замок градам
Моето семејно дрво е до над облаците
Нивно е небеско кралство спие на нежен облак бел
Очи полни љубов
Не гледаат одозгора
Ме научи да бирам кај да горам
Ме научи за себе да се борам
Ме научи да мисла тече дрога
Те нема па разговарам со Бога
Небе сино рандом гужва
Газам црна земја лесна
Сираци сме синови сме
Живот земен ни е песна
Понекогаш поигрувам бог
Од своите ребра надеж точам песни
До небо скали нежни ритам строг
Да тебе стигнам чекори се лесни
Ако нема ништо горе, не ме гледаш ти
Песна, книга, меч ми даде, зборуваш во сни
Непопуста е ова песна, ако пеам знај
Ова тенко дете ќе истрае до крај